Што јадат моделите за појадок?

5 април 2016

Веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но голем број од нас не ја практикуваат оваа здрава навика најчесто поради недостаток на време. 

Тоа дефинитивно не смее да ви биде изговор, бидејќи квалитетниот појадок ви ја овозможува потребната енергија за да ги издржите сите обврски во текот на денот. 

Иако моделите секогаш изгледаат витки и со супер фигура, тие никогаш не си дозволуваат да го прескокнат појадокот, па макар станува збор за смути или пак свежо овошје и зеленчук. 

Доколку сметате дека на работа нема да имате време за појадок, станете малку порано и појадувајте дома или пак додека патувате на работа. 

Во прилог ви прикажуваме што моделите обожуваат да јадат за појадок, а доколку сте фан на здравата исхрана, тогаш овие предлози се вистинските за вас. 

Криси Тиген – Сендвич со домати, пире од авокадо, парче пршута и пржено јајце. 


Миранда Кер – Палачинки направени од банана, јајце, белка и овесни снегулки со јаворов сируп пржени на кокосово масло. 


Жизел Бундшен – Зелено смути направено од овошје и зеленчук по ваш вкус. Ваквиот појадок ќе ве засити и ќе ви даде енергија, а нема многу калории.


Адриана Лима – Иако секогаш изгледа совршено, Адриана Лима за појадок сака да јаде сендвич со шунка и сирење со ниска масленост. Потоа секогаш јаде кроасан со џем и свежо сезонско овошје. Благодарение на напорните тренинзи, таа секогаш е во топ форма. 


Каролина Куркова – Прекрасната Каролина најчесто појадува овесна каша во која додава сок од ананас, портокали и лимон за дополнителна арома. Во истата секогаш става и суви цреши, неколку парчиња јаболка, цимет и каранфилче. 


Карли Клос – Оваа талентирана девојка секое утро појадува смути од капини и чоколадо. Сѐ што ви е потребно за овој рецепт е една шолја незасладено бадемово млеко помешано со една лажица протеини во прав со вкус на чоколадо, банана и една лажица капини. Сите состојки добро измешајте ги во блендер и уживајте во ова здраво смути.

Објавено:
5 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.245 пати