Што мисли Карл Лагерфелд за пластичната хирургија?

15 мај 2014

Овој пат, тој не се обраќа на некој конкретно, туку на целата јавна популација и особено на сите оние кои планираат да направат некоја интервенција за промена на физичкиот изглед.

Карл Лагерфелд (80) за германската публикација Zeit прозборел за своето детство и отсуството на дружење со негови врсници, но и за неговиот став околу пластичната хирургија. Ништо не ве прави постари повеќе од обидите да изгледате помладо. „Најлоши се операциите за зголемување на усните. Оние кои знам дека направија промени, веќе не ги препознавам. Изгледаат како да имале сообраќајна несреќа и како да мавнале во ветробранското стакло, па затоа се отечени во пределот на устата“ - изјавил Карл.

Можеби ова е најдоброто објаснување зошто Лагерфелд секогаш сака да биде опкружен со млади девојки кои го негуваат природниот изглед, како што е пријателството со Кара Делевињ.

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Убавина