Што може да ви се случи ако не ја исчистите маскарата пред спиење?

7 јуни 2018

Предупредување: Вознемирувачко фото

Веројатно и вам некогаш ви се случило од премореност да не можете да ја исчистите шминката и да легнете со неа, но сигурно утрото сте зажалиле за тоа.

Сигурно ги знаете последиците од тоа, но ако се сомневавте, овој текст ќе направи никогаш повеќе да не ја заборавите шминката на вас.

Педесетгодишната Тереза Линч отишла на преглед поради надразнетоста во окото што ја чувствувала неколку дена. При прегледот, докторот и пронашол застрашувачки црни точки во внатрешноста на капаците, кои настанале како резултат на нејзината навика да спие со маскара.

Таа признала дека цели 25 години носела маскара без правилно да ја чисти секоја вечер пред спиење.

Последиците од ваквата навика се неверојатни, а тоа сега е докажано и со ова видео на 50 годишната жена која не можела да поверува што и се случува.

Докторот од болницата посочува дека спиењето со маскара може да доведе до бројни очни проблеми, меѓу кои и црните точки во внатрешноста на очите кои всушност се парчиња кои се собирале со години и се претвориле во грутки.

Некои од тие парчиња и ја гребеле рожницата, што го предизвикало непријатното печење во окото и постојаното чувство како да имате песок.

Иако маскарата е сигурен производ за употреба, задолжителното чистење пред секое спиење е и повеќе од потребно.

Госпоѓата не посочила која маскара ја користела, но оние за продолжување на трепките во себе содржат траги од синтетички влакна кои имаат уште поголема можност да се одвојат од трепките и да влезат во окото.

Пациентката и нејзиниот доктор одлучиле јавно да ја објават приказната и фотографиите, за да ги предупредат сите жени дека хигиената на очите е исклучително важна.

На докторите им требало околу 90 минути да ги отстранат сите грутки од очите на пациентката, а и останал и траен белег на капаците и рожницата.

Тие посочиле дека ова е неверојатен случај и дека никогаш не виделе нешто слично. Станува збор за сериозна опасност за која голем број жени не се свесни.

Ако некогаш ви се случува да заспиете со шминка, станете и одвојте неколку минути и добро исчистете ја маскарата за да не дојде до вакви последици.  

Објавено:
7 јуни 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.145 пати