Што му прават на вашето тело осум часа седење?

2 мај 2018

Веројатно голем дел од вас имаат работа која бара осум часовно седење зад компјутерот, што неверојатно му штети на вашето тело. Знаете ли што сè ви се случува кога долго време седите?

Сите оние болки што ги чувствувате кога ќе се разбудите рано наутро и целиот умор што не можете да го објасните, се последица токму на долгото седење.

Фото: Nursing education expert

Анксиозност

Сите оние кои страдаат од анксиозност и депресија, ќе слушнат дека задолжителни во текот на денот се прошетките. Постои добра причина за овој совет – кога шетате, телото отпушта релаксирачки хормони како ендорфинот кој го опушта мозокот и нервите.

Побрзо старееме

Теломерите се мали делови на краевите на хромозомите кои се скратуваат со стареењето. Истражувањата покажаа дека долгото седење ги скратува теломерите многу побрзо од вообичаениот, активен живот. Поради ова, научниците го покажаа неактивниот живот со забрзаното стареење.

Дебелеење

Вашето тело не согорува доволно калории кога секојдневно седите. Вишокот калории се сметаат за сало. Ова е дефинитивно првиот чекор кон дебелеење.

Фото: Real Business

Истегнување на карлицата

Истражувањата покажуваат дека просечна личност седи речиси 14 часа дневно. Со долгото седење доаѓа до повреди на карлицата и слабите мускули на рамената.

Мускули и коски

Недостатокот на физичка активност е она поради што мускулите секојдневно се отпуштаат и слабеат. Со самото тоа, коските стануваат кршливи и нежни.

Фото: Vikram Chauhan Blog

Несоница

Недостатокот на активности влијае на нормалниот ред на спиење, односно со други зборови, се јавува несоница. Можеби додека седите извршувате важни задачи, но телото сепак ги перцепира како „фаза на одмор“.

Систем за варење

Активниот живот го забрзува метаболизмот, а системот за варење на тој начин нормално функционира. Ако долго седиме, може да се јават голем број на проблеми.

Фото: Brians Ocean

Проширени вени

Луѓето кои долго време поминуваат седејќи, можат да имаат проблем со проширени вени кои се резултат на лоша циркулација. Жените се поподложни на ваков проблем, но често се јавуваат и кај мажите.

Извор: Miss 7

Објавено:
2 мај 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.380 пати