Што му прави редовното консумирање цвекло на вашето тело?

30 октомври 2018

Можеби сте од оние кои не се големи обожаватели на цвеклото, но мора да признаете дека истото е полно витамини и е супер храна во секоја сезона.

Ако во ладилникот имате тегличка полна цвекло која најверојатно планиравте да не ја изедете, верувајте дека по овој текст тоа ќе се промени.

Фото: Abel Cole

Цвеклото е совршено за срцето, за мускулите и мозокот, а може да се приготви на безброј начини и во 100 грама има само 36 калории.

Во продолжение ќе прочитате неколку причини зошто цвеклото е исклучително важно за консумирање и ќе го промените мислењето за овој зеленчук.

1.Го намалува притисокот

Во денешно време високиот притисок е многу чест, па дури и сè помлади лица страдаат од оваа појава. Цвеклото е богато со здрави нитрати, а во едно истражување од пред две години се вели дека со консумирање на една чаша цвекло на ден за само две недели ќе го изрегулирате притисокот.

2.Дава енергија

Со редовно консумирање на цвеклото, се зголемува вашата енергија и имате сила да поминете низ денот. Одлично е и доколку вежбате, со тоа што треба да испиете чаша цвекло половина час пред да одите во теретана.

Фото: Eat drink paleo

3.Ја подобрува работата на мозокот

Цвеклото ги подобрува когнитивните функции или едноставно кажано, ќе размислувате побрзо и побистро.

4.Помага при варењето на храната

Околу 15 грама цвекло содржи 3, 5 грама влакна и тоа оние кои помагаат при варењето на храната и кои ја регулираат работата на цревата.

Фото: Good Food

5.Цвеклото е полно антиоксиданси

Темно црвената боја на цвеклото покажува дека е полно антиоксиданси кои играат важна улога во спречувањето на многу болести. Веќе знаете дека е полно и со витамин Ц, а нема нешто подобро од овој витамин особено во времето на настинки.

6.Ја лечи анемијата

Веќе знаете дека цвеклото најчесто се консумира за подобрување на крвната слика, односно лекување на анемијата што и многу пати се докажало.

Фото: Healthline

Објавено:
30 октомври 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.563 пати