Што после осмата чаша вода?

18 февруари 2015

Постојано слушаме совети како минималното количество вода што треба да го внесуваме во телото е 2 литри, односно од шест до осум чаши вода. Така ќе имаме повеќе енергија, на организмот му правиме детоксикација, го контролираме апетитот.

Но, што после осмата чаша вода? Според некои експерти, бенефитите од пиењето вода во големи количини се доведува под знак прашалник. Како велат, две литри е многу повеќе отколку што на човековото тело му е потребно.

Опсесијата што многу луѓе ја имаат со тоа дека не пијат доволно вода, па постојано ја консумираат, може да доведе и до сериозни проблеми по здравјето.

Многу вода може да предизвика прекумерно потење

voda 4

Преголемата хидратација, односно преголемото внесување вода во организмот е поврзано со екстремни проблеми при потењето. Тоа оди до таму што добар процент ги отстрануваат жлездите за потење по хируршки пат.

-Една од првите работи што ги прашувам моите пациенти што имаат хиперхидроза е колку вода пијат. Нивниот одговор не е конкретен од причина што прекумерно се потат, а потоа се трудат изгубената течност да ја надокнадат. Кога ќе им кажам дека токму пиењето течности го предизвикува нивниот проблем со потење, тие се изненадени. Ако пиете повеќе вода од потребното, потењето е еден од начините телото само да се избори со вишокот течности. Ако пиете помалку вода, помалку и ќе се потите – вели доктор Мајк Вајтли до Лондон.

Многу вода може да предизвика несоница

insomnia-1

Внесувањето на големи количества на вода, особено пред крајот на денот, можат да предизвикаат проблеми при спиењето.

-Кога ќе заспиеме, нашиот мозок ослободува ADH, анти-деуретски хормон (Вазопресин), кој ја забавува функција, а со тоа престануваме да уринираме во текот на ноќта. Ако пиете две или три чаши вода навечер, сета таа дополнителна течност ќе направи ADH хормонот да не ја одработи својата работа, па ве тера да станувате среде ноќ, а потоа ви е тешко да заспиете – објаснува Вајтли.

Тој препорачуа, два или три часа пред да одите на спиење, да не внесувате течности. Ако се мачите да заспиете, докторот советува:

-Топла бања пред легнување ќе овозможи благо потење и дехидратација, па нема да имате потреба да станувате во текот на ноќта.

Труење со вода што доведува до смрт

voda 3

Во 2008 година, Жаклин Хенсон, 40-годишна мајка, која била на програма за слабеење, починала од труење со вода, откако испила четири литри вода во период од неколку часа.

-Ако пиеме многу вода во многу кус временски период, бубрезите не можат да го отстранат вишокот течности доволно брзо, па нашата крв станува разредена повеќе од тоа што треба да биде, со многу ниска концентрација на соли. Нивото на солите во крвта и во клетките на телото најчест е иста. Но, ако крвта многу брзо стане разредена, може да направи клетките, особено оние во мозокот да отечат. Тоа пак може да создаде притисок во черепот, што пак понатаму предизвикува главоболки, а во сериозните случаи интоксикација, односно труење со вода, што може да биде и фатално – вели доктор Френки Филипс од British Dietetic Association.

Колку вода ни е потребна дневно?

voda 2

Личните тренери и експертите за диети најчесто препорачуваат дека дневно треба да внесуваме најмалку два литра течности, понекогаш и до четири. Но, според најновите истражување, возрасните жени имаат потреба од околу 1.6 литри течност дневно, а мажите околу две, за телото да може да функционира ефикасно. Но, тука не спаѓа само вода, туку и чај, кафе, сокови, овошје и зеленчук. Комбинацијата од различни пијалаци во текот на денот, како млекото што е богато со калциум, овошни сокови што содржат витамин Ц, се најдобар и здрав баланс. Најдобро е да избегнувате газирани сокови што содржат вештачки шеќери, што не се добри за забите, како и за килограмите.

Како да знаете дека внесувате доволно течности

water-glasses

Количеството течности што треба да го внесувате во голема мерка зависи од вашата физичка активност, како и тежина, висина... Колку што сте поактивни, толку повеќе течности ви се потребни. Најдобриот начин да одредите дека ви се потребни течности е потребата за нив. Значи, пијте кога сте жедни. Исто така, дали ви се потребни течности ќе ви каже и бојата на урината. Идеалната боја е светла. Но, доколку е темна, тоа значи дека сте дехидрирани и дека ви се потребни повеќе течности. Доколку е пак многу бледа, речиси чиста, како вода, тоа значи дека внесувате многу течности и треба да намалите малку.

Објавено:
18 февруари 2015
Категорија: 
Убавина