Слабеењето и диетите нè прават постари

4 октомври 2019

Модната и шоу-биз индустрија со години наназад го наметнуваа екстремно виткото тело како идеал на убавина. Неколку години наназад трендот почна да се менува, но потребата на луѓето да се вклопат и да не отскокнуваат од остатокот сè уште е длабоко вкоренета.

Од друга страна, актерите честопати се во ситуација да треба драстично да ја намалат килажата поради некоја улога. Но, тоа не секогаш е добро за нивниот изглед.

Ефектот што го носи претерано намалената килажа во светот го нарекуваат „Diet Face“, односно лице кое добива премногу брчки и изгледа многу постаро отколку што навистина е.

Селин Дион

Според доктор Мервин Патерсон од „Вудфорд клиника“ од Лондон, колку повеќе килограми губите, толку се поголеми шансите да завршите со „Diet Face“.

„Сум се соочил со многу пациенти кои се приклониле кон поздравиот начин на живот во средните години. Но, нивното незадоволство е големо кога гледаат дека нус појавите се уморен и остарен изглед. Кога ќе го изгубите волуменот од лицето, а ова може да се случи и како природна последица од процесот на стареење, значи дека ја губите потпората што го држи цврсто. Губењето маснотии од образите значи дека зглобовите и линиите од носот до аглите на усните ќе се спуштат, а вие ќе ја изгубите дефиницијата околу вилицата. Губење на волуменот околу очите пак, може да значи дека ти ќе изгледаат поспуштени одошто се, односно „пошупливи““, објаснува докторот.

Неговиот совет е тежината да се губи постепено, како и при тој процес да се осигурате дека имате доволно омега 3 масти, но и дека внесувате доволно овошје, зеленчук, како и витамини.

Во спротивно може да се доведете во ситуација да се шокирате од изгледот.

Актерката Рене Зелвегер, како и Селин Дион често се на удар на јавноста поради нивниот изглед, кој е претерано слаб. Без оглед што ќе добиете одговор дека одлично се чувствуваат, нивниот изглед не е здрав.

Затоа, доколку сакате да намалите од тежината, не правете го тоа со ригорозни и нагли диети, консултирајте се со лекар и нутриционист и ќе го избегнете ефектот за кој досега зборувавме.

Во продолжение погледнете како драстичното слабеење влијаеше и врз изгледот на други познати личности:

Рене Зелвегер

Дoн Френч

Сајмон Кауел

Давина Мекол

Кејти Холмс

 

 

 

 

 

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.985 пати