Со своите 69 години, Хелен Мирен е новиот амбасадор за убавина на Лореал!

28 октомври 2014

Оскаровката Хелен Мирен со своите 69 години беше одбрана за ново заштитно лице на францускиот бренд Лореал. Шармантната Мирен им се придружи на нејзините колешки Џејн Фонда (76) и Даен Китон (68), во семејството постари актерки – совршени претставнички на филозофијата на брендот.

Прекрасната актерка е дефинитивно жив доказ дека со текот на годините, жените стануваат сѐ поубави!

Таа заедно со нејзините колешки кои се исто така дел од семејството Лореал и кои се многу помлади од неа, како на пример Шерил Кол, моделот Лара Стоун и Блејк Лајвли, ќе ја шири низ светот фантастичната филозофија што брендот ја има поврзана за убавината на жената.

Неодамна, таа посочи дека ужива во стареењето и сѐ повеќе сака да експериментира. Ужива во кусата коса за која ќе каже дека обожува сама да ја средува, а на фризер оди само еднаш годишно.

„Она што е особено чудно е дека сега, на оваа возраст се чувствувам многу посреќна од порано. Иако времето и годините ми даваат можеби помалку причини да бидам среќна, јас денеска се чувствувам неверојатно удобно во својата кожа“, изјави неодамна актерката.

Во изјавата таа додаде и дека кога сте млади и убави, секогаш се чувствувате параноично и мизерно.

„Потоа... стареете, а тоа е иронично вистинито и морате да се соочите со тоа на овој или оној начин“, изјави фантастичната актерка.

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Убавина