Сок од три состојки - вашиот сојузник против вирусите и гриповите

21 ноември 2018

Во овој период од годината, кога времето е променливо, темпото на живот брзо, стресот сеприсутен, имунитетот е прв на удар.

Токму затоа, во продолжение ќе ви презентираме сок од три состојки кој ќе ви помогне во борбата против вирусите и гриповите. 

Се работи за тоник од ѓумбир, куркума и портокал, богат со витамин Ц, антиоксиданси, со кој ќе ги уништите вирусите, а ќе имате и повеќе енергија.

Исто така, кога имате главоболка или нервоза во желудникот, наместо апче, напијте се една чаша од овој сок.

Ако на овие три состојки го додадете и медот манука, кој има посилно антибактериско дејство од другите видови мед, ќе добиете природен антибиотик. Секако, доколку немате дома манука, тогаш искористете било кој мед. Се верува дека колку што е медот потемен, толку има посилни антибактериски и антиоксидантни својства.

А еве и како да го направите сокот.

1/2 филџан сок од цеден портокал

изрендани парчиња ѓумбир (околу и сантиметар)

прстофат куркума

2 лажици мед манука

Сите состојки ставете ги во бокалче и добро промешајте. Ете толку е едноставно.

Една до две чаши дневно е сосема доволно.

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
460 пати