Совети од невропсихијатри - како да бидеме посреќни?

5 март 2019

Среќата е прашање на перцепција?

Современиот човек е сè подепресивен, анксиозен, незадоволен од себе и од околностите во кои живее... Уште позагрижувачки е што возрасната граница на депресивни и анксиозни луѓе на глобално ниво, паѓа сè пониско, па сè почесто читаме или сведочиме за депресивни деца и тинејџери. Ова е комплексна тема која не треба да се игнорира, напротив, за која треба сè почесто и во пошироки кругови да се дискутира.
Како да бидеме посреќни секојдневно? За ова кратко, но сложено прашање, невропсихијатрите, односно стручната јавност, има бројни теории, објаснувања, одговори, што треба да се применат во пракса. Невропсихијатрите точно знаат како и зошто мозокот може да ни пружи чувство на целосно задоволство.
Постојат многу психолошки техники кои може да ни помогнат да се чувствуваме среќно, но да не заборавиме дека и нашето тело има право на глас во тој процес.

Научете да кажете благодарам

-Кога на некој ќе му се заблагодариме за нешто, се фокусираме на позитивните аспекти на животот, а пријатните сеќавања го поттикнуваат производството на серотонин. Ваквата техника се користи и во лечење на депресија.

Решавајте ги проблемите еден по еден

-Нашиот мозок никогаш не престанува да бара решенија за проблемите со кои се соочуваме. За тоа е потребно многу енергија, така што кога нашиот мозок ќе се умори, а проблемот остане нерешен, тогаш се чувствуваме нервозно. Од друга страна, за секоја успешна одлука мозокот нè наградува со доза неуротрансмитери што го смируваат лимбичкиот систем и ни помагаат повторно да ја видиме посветлата страна. Затоа е корисно да се потрудите проблемите да ги решавате еден по еден.

Зборувајте за проблемите кои ве мачат, не ги задржувајте за себе

-Процесот кога поминуваме низ тежок период, без да зборуваме за проблемите, нè тера да користиме различни страни на мозокот. Кога говориме за проблемите, нашиот мозок активира производство на серотонин, па дури успева да пронајде некои позитивни страни на ситуацијата.

Прегратка

-За нас луѓето, социјалната интеракција е навистина важна. Различни форми на физичка поддршка, како што е прегратката, може да ни помогнат во побрзо оздравување од одредени болести.

Учете!

-За мозокот, стекнувањето ново знаење значи постојано прилагодување на околината која се менува. Со помош на овој процес, нашиот мозок се развива, надоградувајќи го сопствениот капацитет да аспорбира и обработува свежи информации. Ако сакате да бидете среќни, не плашете се да пробате нешто ново, да ја промените околината или да научите нови нешта.

Очекувајте позитивни и среќни моменти

Процесот на очекување на нешто позитивно, како на пример добра храна или средба со луѓе кои ги сакаме, влијае позитивно и на нашиот мозок кој всушност доживува задоволство со самото очекување на добри моменти. Затоа ние толку многу обожуваме да броиме сити саати или минути пред некој посебен момент, како што е роденден или крај на еден долг работен ден.

Објавено:
5 март 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
629 пати
Тагови: 
психологија