Совети за комплетна летна нега

16 јули 2013

Додека сте изложени на сонце, не ставајте парфем. Може да ви останат флеки на кожата. Ова е само еден од советите како да се негувате во текот на летото.

Вратете ја влажноста на кожата - Во текот на зимата циркулацијата е побавна, а потните жлезди помалку лачат па затоа кожата сега ви изгледа сува. Неопходната влажност ќе ја вратите со малсо или млеко за тело со витамин Е или алое вера. Грубата кожа на лактовите и колениците повторно ќе биде мазна ако редовно практикувате механички пилинг.

Скратете ги краевите - Во текот на летото за косата ви се потребни препарати кои содржат заштитен фактор, затоа што косата под дејство на УВ зраците станува сува, кршлива, го губи сјајот и цврстината. Не заборавајте дека освен препаратите со заштитен фактор, шапките и марамите се одлична заштита од сонцето. Исто така, пред и после летувањето, скратете ги сувите и испукани краеви.

Спречете го перутањето на лицето - На високите температури кожата на лицето е изложена на разни иритации, па неретко се јавуваат и алергиски реакции, перутање или црвенило. Поради тоа, пред да излезете на сонце, користете креми кои содржат каротен и витамин Е, а ако кожата на лицето ви е сува, тогаш пијте што повеќе вода.

Избегнувајте тешка шминка - За летната шминка важи правилото „помалку е повеќе“. Стручњаците советуваат да се користи миминум шминка, за кожата да може да дише. Наместо пудра, користете тонирани креми, а на проблематичните места ставете коректор. Користете крем или течни руменила, затоа што изгледаат поприродно, како и водоотпорна маскара, за што подолго да се задржат на трепките при високите температури.

Затегнете ги нозете - Лепите и затегнати нозе се сон на секоја жена, па пред да облечете бикини, средете ги нозете и секојдневно мачкајте се со препарати за затегнување на кожата.

Користете камен за стапала - Не ги заборавајте стапалата кои цела зима беа заробени во затворени обувки. После секое туширање тријте ги петите со специјален камен, а потоа нанесете дебел слој на хидратантна крема и облечете памучни чорапи во кои ќе преспиете.

Сочувајте го сјајот на косата - Бојадисаната коса е подложна на оштетувања кои ги предизвикуваат сончевите зраци, па поради тоа во текот на летото користете шампони и балсами за бојадисана коса, бидејќи тие ја чуваат бојата.

Објавено:
16 јули 2013
Категорија: 
Убавина