Совети за шминкање за дами со очила

30 мај 2018

Тоа што носите очила за диоптрија, не значи дека вашите очи со шминка нема да дојдат до израз и да изгледаат уште поубаво.

Но, сепак, за да ги нагласите на вистински начин, потребно е да знаете неколку трикови и совети, а дел од нив ви пренесуваме во продолжение:

 

Темните сенки не се добар избор

Иако многу жени го сакаат smokey eyes ефектот, тој не изгледа секогаш добро на жените што носат очила. Ќе добиете премногу темен ефект, а тоа не е целта. Светлите нијанси многу подобро ќе прилегаат. Замена за драматичен или вечерен изглед може да биде малку темна сенка, но на работ помеѓу капаците.

 

Рамките на очилата и ајлајнерот да не се во иста боја

Но, не значи дека треба да биде и во сосема различна. Нијансата на ајлајнер треба да е слична на рамките, но не и идентична. На пример, ако имате црни рамки, ајлајнерот нека е во сива, смеѓа или темносина нијанса. Со беж оквири – бронзени нијанси... Исто така, ако рамките се широки, ајлајнерот нека биде во подебела линија, а ако рамките се тенки и линијата на капаците нека е таква.

 

Истакнете ги трепките

Многу девојки што носат очила мислат дека трепките не треба да ги истакнуваат, но тоа е грешка. Навиткајте ги убаво, убаво притиснете од коренот, па потоа нанесете маскара.

 

Не ставајте маскара на долните трепки

Овој совет ќе ви го дадат многу визажисти и тоа без разлика дали носите очила или не. Не само што ќе ви додадат години, туку постои голема шанса и да се размачкаат, па може да се направи темен слој под очите што никогаш не може да изгледа убаво.

 

Вистински избор на коректор

Ако носите очила, под очите ставајте коректори во жолтеникава нијанса. Тие најдобро ги покриваат подочниците или црвенилото под очите


Нагласете ги веѓите

Не се само очите на тоа што треба да внимаваме. Веѓите исто така многу придонесуваат за севкупниот впечаток. Нека бидат уредно средени, а можете дополнително да ги нагласите со гел за веѓи.

 

фото извор: pinterest.com; instagram.com;

Објавено:
30 мај 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.071 пати