Совршена пролетна шминка директно од студиото на Даниел Николовски

17 февруари 2017

Додека го чекаме најубавото годишно време и сите тие убавини кои со себе ги носи пролетта, она што треба да го направиме е да ги дознаеме сите трендови што девојките ќе ги обожаваат претстојната сезона.

Кога станува збор за трендовите кај шминката, она што дефинитивно нема да го гледаме оваа пролет е совршеното контурирање на лицето кое ќе го заменат нежните и свежи нијанси што и прилегаат на сезоната.

Нежното и свежо младешко лице со малку сенки во романтични бои и руменило на образите ќе биде вистински хит и ќе му прилега буквално на секого.

Одморете се од сите оние тешки тонови во кои уживавте во текот на долгата и студена зима и изгледајте како вистинска пролетна божица со нијансите што ги предлага студиото Даниел Николовски.

Свежото и негувано лице е најважната работа на која што треба да се посветите оваа пролет, а истото дополнително ќе го разубавите со розови, нежни кафени, нијанси во боја на праска и уште какви не.

Секако, секогаш кога пред вас е некој важен настан или некоја свечена церемонија, шминката може да ја трансформирате во вечерна, односно да додадете малку светки како едни од омилените на светските дизајнери сезонава.

Нагласете ги усните со кармин во прекрасни пролетни нијанси како розова, праска, кафени тонови, но и такви во боја на кожата.

Она на што оваа пролет треба да му посветиме внимание се чистите и едноставни линии исцртани на очите во комбинација со нежна сенка во тоновите кои ги споменавме погоре.

Како и секогаш, целиот акцент треба да е ставен на очите, па така маскарата и заводливите трепки се нешто на што никако не смееме да заборавиме и претстојната сезона.

Она што дефинитивно мора да го запомните е дека апсолутен хит ќе бидат чистите и свежи нијанси и совршените пролетни бои кои ќе го разбудат вашето лице од зимскиот сон, а таквите ќе ги добиете во прекрасниот салон на нашиот познат мејкап артист Даниел Николовски. 

Објавено:
17 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
840 пати