Српска фитнес инструкторка проговори јавно за проблемот со хиперпигментацијата

13 јули 2017

Јанка Будимир е името на младата фитнес инструкторка од Бања Лука која од неодамна стана (уште) популарна на социјалните мрежи.

Причина за тоа е нејзиното јавно соочување со проблемот на хиперпигментацијата.

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

И покрај тоа што има совршено тело и прекрасни црти на лицето, а со нејзиниот изглед е инспирација за многу жени, Будимир се чувствувала непријатно поради флеките на кожата на лицето, како последица од хиперпигментацијата.

За овој проблем за првпат се одлучи да зборува јавно неодамна и тоа преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии без шминка.

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

“Долго време ми требаше да ги објавам овие фотографии. Дијагнозата е хиперпигментација на кожата, која започна 2015 година, по малку, за во февруари оваа година да се прошири и потемни. Би сакала да кажам дека е нешто што не ми пречи и дека можам самоуверено да се шетам без шминка. Не можам. Никогаш не сум се шминкала како сега, но работам да биде така. И да го немам тоа грдо чувство кога некој ќе ме праша: „Што ти е тоа на лицето?!“. Токму објавувањето на овие фотографии е чекор кон тоа. Се обидов со разни препарати, но безуспешно. Единствено што ми остана е ПРИФАЌАЊЕТО. Веќе подолг период учам да ги прифатам работите во животот кои не се онакви какви што сум очекувала. Дури и да исклучам очекувањата“, се вели во објавата.

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

Таа додава дека довербата и вербата се едни од најважните работи.

„Со оваа објава сакам да си помогнам себеси, но и вас кои сте во светот на филтери и фотошоп ја прифативте идејата дека не сте доволно добри, не сте доволно убави, немате чисто лице, исцртани веѓи, затегната кожа и стомачни. Кој е тој што одредува што е убаво, а што грдо? На светот не постојат двајца исти луѓе. Зарем тоа не е прекрасно? Да секако, но секој од нас е посебен затоа што е таков каков што е. Ако јас се гледам ваква секој ден во огледало, зошто и другите да не ме гледаат, зошто да се кријам од другите? Тоа сум јас. И се прифаќам таква каква што сум. И ти си посебен/а затоа што си таква каква што си, затоа што никаде нема уште еден таков ти!“ порачува инструкторката.

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

После објавата таа наиде на голема поддршка од луѓето, како и на бројни совети од луѓе што се соочиле со сличен проблем. 

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

фото извор: facebook.com/JankaBudimirFitness

Објавено:
13 јули 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.891 пати