Стерилизаторот на Gorenje совршено и природно ги чисти шишињата на вашето бебе

30 ноември 2018

Родителите на мали бебиња непрестајно стравуваат дека нивните најмили можат многу лесно да дојдат во допир со разни бактерии, па постојано се трудат да го најдат најдобриот начин за стерилизирање на нивните омилени предмети.

Сега тоа е полесно од кога и да е со одличниот стерилизатор од бебешката линија на познатиот производител Gorenje.

Повеќе нема потреба да стравувате дали добро сте ги измиле цуцлите и омилените глодалки на вашето бебе, туку истото ќе го направите за многу кратко време и на 100 проценти природен начин.

Стерилизаторот на Gorenje уништува неверојатни 99, 9 проценти од штетните бактерии за само шест минути, а во него собира и повеќе предмети одошто очекувате.

Во главниот сад можете да ставите вкупно шест шишиња истовремено, додека пак над истиот, има корпа во која собира одреден број цуцли и играчки глодалки што вашето бебе ги обожува.

Во корпата можете да ставите и шолји и прибор за јадење за поголеми дечиња, така што овој стерилизатор ќе ви користи навистина долго време.

Она што е важно да се напомене е дека доколку не го отворате капакот, сите предмети остануваат стерилни цел ден, а со функционалната „фаќалка“ можете да го извадите само она што ви е потребно.

Во моментот кога ќе почнат да им растат и запчињата на вашите најмили ќе им биде потребна помош за полесно да го пребродат тој период, па токму глодалките се совршен избор за тоа.

Но, нивните мали рачиња постојано ги испуштаат истите па најчесто по неколку пати во денот морате да ги чистите, но никогаш не сте сигурни со какво средство и дали само водата ќе заврши работа.

Сега, за исклучително кратко време можете да ги исчистите од сите бактерии и да бидете сигурни дека истите ќе бидат безбедни за вашето бебе.

Она што не го споменавме за овој исклучителен апарат е тоа што во истиот можете на многу лесен и едноставен начин да затоплите шише со вода или млеко , а исто така и да загревате храна во садови или тегли во сите моменти кога брзате да го нахраните вашето малечко.

Стерилизаторот од Gorenje е одличен и поради тоа што не зафаќа многу простор и можете да го сместите во било кој агол од кујната.

*Комерцијален текст

Објавено:
30 ноември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
251 пати