Стилистот на Бијонсе ги открива нејзините козметички тајни

3 март 2014

Веруваме дека веќе се информиравте дека виолетовата е задолжителната боја за 2014 година! Без разлика на тоа која нијанса на виолетова ќе ја одберете, нема да погрешите. Токму тоа го тврди и стилистот на поп дивата Бијонсе, кој за нејзиното „No Angel“ видео и одбра прекрасна виолетова нијанса на кармин што одлично и прилега.

„Ако имате потемен тен, употребете молив за усни за да ја смирите нијансата и истата да не изгледа нападно“, советува Сер Џон. Тој е голем поборник за тоа да користите и руменило во нежна виолетова боја, но сепак на крај изборот е ваш. Доколку не сте многу по шминката во виолетова боја, задолжително оваа пролет купете си лак за нокти во некоја таква нијанса.

Сјајот за усни изгледа подобро на вашите очи!

Сер Џон воопшто не сака усни со многу сјај. Тој смета дека мат кармините се вистинскиот избор за секоја жена. Наместо на усните, тој советува сјајот да го користите за очите. Прво, одберете квалитетна, водоотпорна сенка за очи. „Како подлога, ставете сенка во бојата што ќе ја одбетете, па потоа, одозгора со четкичка нанесете малку сјај за усни во боја што и одговара на сенката. Бидете внимателни да ставите малку, за истиот да не ви се размачка на очите и да ја уништи целата слика. Со водоотпорната сенка одоздола, не треба да се грижите за размачкување на сјајот на капаците“, вели Сер Џон.

Убавата кожа е најдобар пролетен моден додаток

„Јас сум огромен поборник за сјајната, чиста и убава кожа. Дозволете си од време на време третман кај козметичар, како за лицето, така и за целото тело. Направете си квалитетна маска од житарки и во вашиот дом. Кожата на Бијонсе е секогаш толку сјајна и убава. Еднаш месечно и ставаме овошна маска со која се отстрануваат мртвите клетки од кожата и истите се заменуваат со нови. Секогаш се грижиме за вистинската и редовна хидратација на кожата и за тоа да не и ставаме многу шминка. Таа не е обожавател на пудрите, па затоа и ставаме некоја лесна со која и овозможуваме на кожата да дише, а целата останата шминка е само ‘шлаг на тортата’“, вели Сер Џон.

Портокалова боја на кармин

„Секогаш кога ќе се одлучите за портокалова боја на кармин, остатокот од шминката нека биде во бронзена боја. Нема потреба да ставате многу шминка, но бидете сигурни лицето да ви биде сјајно, за да може карминот да дојде до израз. Ставете малку бронзено руменило и римел, без дополнителни линии од туш или црно моливче. Ако портокаловата боја е премногу за вас, оваа пролет одберете кармин во интензивна розова боја и запомнете карминот секогаш да го нанесувате со четкичка (или со прсти!)“, советува Сер Џон.

Секогаш кога се двоумите, ставете црвен кармин!

„Бијонсе е голем фан на црвениот кармин. Таа го става постојано, секогаш го има во нејзината торбичка. Таа е мајка, па затоа сѐ што стои подолго е добар избор за неа. Бидете сигурно секогаш кога купувате црвен кармин, тој да е долготраен и квалитетен.

Понекогаш, изненадете ги сите со невообичаена боја на кармин

„Карминот во нежно розова или боја на кожата се дефинитивно најупотребувани во пролет, но понекогаш, изненадете ги сите и ставате некој темен кармин, на пример – кармин во вино боја. Многу ми се допаѓа кога ќе видам темен кармин кај жена во топла пролетна вечер. За да направите бојата да ви трае подолго, одоздола на усните ставете моливче, па ставете го карминот со четкичка, ставете еден тенок слој пудра на усните и нанесете уште еден слој од карминот за тој да ви трае подолго и да не ви се размачкува“, не советува за крај одличниот Сер Џон.

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Убавина