Супер летни акции и големи попусти за месец август во Cosmo Tinex

8 август 2017

Вашите омилени дрогерии Cosmo Tinex и за овој август ви подготвија одлично летно освежување и супер акции на нивните производи со големи попусти.

Подновете ја вашата декоративна козметика или подарете им парфем или сет производи на вашите најмили по намалени цени.

Ексклузивно до крајот на август може да си ги купите популарните женски парфеми од линијата на Нина Ричи со 25% попуст. Исто така со големи попусти овој месец се и женските парфеми на Барбери, Гучи, Версаче, Трусарди...

Машките линии на парфеми и сетови исто така може да ги набавите со ексклузивни попусти. Парфемот Kenzo Homme Night е на попуст од дури 50%, шанса која не смеете да ја пропуштите.

За два купени производи од летната линија на престижниот козметички бренд Clinique, следува подарок ташна или несесер.

Со 18% попуст до крајот на август може да ги набавите и одличните течни пудри на Loreal True match, Maybelline Fit me и Deborah Comfort mat.

Доколку се подготвувате за годишен летен одмор или викенд на плажа, не ги пропуштајте одличните цени на производите за сончање: маслото и млеко за сончање од Eveline се со 23% попуст, а производите од козметичката линија на Afrodita се со 18% намалени цени.

Ако уживате во книга на плажа, Cosmo Tinex ви нуди одлични изданија на издавачката куќа Антолог со 15% попуст.

Објавено:
8 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.239 пати