Свежа пролет со новата Colour Gradation колекција на Диор

9 март 2017

Ако барате малку боја со која уште повеќе ќе ја разубавите пролетта што доаѓа и ќе ја заборавите зимата што измина, тогаш истата ќе ја најдете во колекцијата на Диор со наслов Colour Gradation Spring Mаkeup Look.

Со оваа колекција, креативниот директор на козметичкиот оддел на Диор, Питер Филипс ја слави убавината на градирачкиот мејк – ап тренд со нивните нови производи кои се совршени како и секогаш.

Имено, станува збор за единствено искуство со бои совршени за пролетната сезона во која секогаш сакаме да уживаме.

*Усни

-Оваа пролет дозволете си волуменозни усни украсени со бои и нијанси кои ќе го освежат вашето лице. Новите кармини на Диор на вашите усни ќе им дадат живот со нежната и суптилна колор градација. За подлога користете го двобојното моливче, а потоа само на средината на усните нанесете некоја од посилните бои за супер ефект.

-Обележјето на овој пролетен изглед се дефинитивно Диор кармините кои овозможуваат сјајни усни во неколку тонови. Збогатени со неверојатни масла, кармините од новата колекција во средината содржат посветла нијанса која создава супер ефект. Имате вкупно пет комбинации на бои од кои можете да одберете, а најтешкиот дел е да се одбере само една!

*Очи

Како боите на нежните зраци на сонцето или илјадниците нијанси на сината лагуна, палетата на бои кај сенките од Colour Gradation колекцијата ќе внесе возбуда во вашиот живот во топлата сезона.

Оваа лимитирана колекција на Диор ќе ви овозможи монохроматска градација која ќе ја обожуваат девојките вљубенички во минимализмот. Одберете од неодоливите сини или земјени нијанси кои се подеднакво топли и волшебни.

*Румени образи

Префрлајќи ја градиент техниката на образите, новите руменила од Диор ќе ви овозможат еден поинаков и уникатен изглед за каков секоја девојка сонува. Оваа пролет носиме руменило во фантастични нијанси на розова која секогаш дава една поинаква свежина и здрав изглед. Не заборавајте го ниту руменилото во бледа беж боја која секогаш дава една топлина и раскош во изгледот на лицето.

Целата Colour Gradation колекција на Диор ги проширува можностите за користење на боите на еден сосема нов, поинаков и неверојатно свеж начин со нијансите на нивните фантастични производи. Оваа пролет бидете уникатна дама со нијанси на сино на очите или интензивна розова на усните. Откријте ја моќта на новата Colour Gradation Spring Mаkeup Look колекција и уживајте во нивните спектакуларни производи со нијанси какви што немало досега.

Секако, никако не смееме да ги заборавиме ниту новите нијанси на лакови за нокти за совршен финиш на вашиот пролетен изглед. Оваа пролет играјте си со впечатливи нијанси на лакови, бидете уникатна и храбра и разиграјте ги сите околу вас. Носете интензивна розова, неодолива сина или сончева жолта, а секако не изоставувајте ја ниту нијансата на праска за добредојде на сезоната.

*Тајни од големите мејк – ап артисти

Секој мејк – ап артист знае дека здравите и негувани усни се клучни за оставање впечаток кога е добрата шминка во прашање. Последно што тие го препорачуваат е Lip Glow Sugar балсамот со гранули шеќер кои неодоливо се топат кога ќе го нанесете. Во било кое време од денот, нанесете од прекрасната розова нијанса и освежете ги усните и кожата со неверојатните гранули шеќер содржани во овој неверојатен балсам со совршена боја. 

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
350 пати