Тајната за секогаш убавиот изглед на Џејн Фонда

16 август 2013

За своите 75 години, холивудската дива Џејн Фонда остава впечаток на негувана и заводлива жена, а на нејзиниот изглед може да и позавидат и помладите колешки.

Една од тајните на Фонда е јогата која ја практикува од 1990-години па наваму. Вежбањето јога и помага да ја задржи формата на телото, но истовремено и дава сила, тонус и здравје.

 

 

„Знаев дека со јогата ќе станам пофлексибилна, но на големо изненадување за мене открив дека ми ја зајакнува и мускулатурата и ме релаксира. Поради тоа што боледувам од остереопороза, тешко ми е да правам некои од најтешките пози. Имам силни болки во колената и колковите во последниве десет години, а неодамна ми извршија и операција на грбот, затоа морав да правам јога вежби кои се безбедни и ефикасни за моето здравје“, пред извесно време изјави ѕвездата.

 

 

Оваа пролет таа на пазарот го пушти во продажба и своето ДВД видео насловено „Yoga for Beginners“ , со програма која ја вклучува повозрасната генерација и вежби кои треба да се практикуваат наутро и навечер. Утринскиот тренинг има за цел да им помогне на практикантите да се чувствуваат подмладени, полни со енергија и виталност. Додека вечерната верзија пак, промовира релаксација и го намалува стресот и напнатоста и има за цел да ви овозможи мирен сон. Џејн и сама ги практикува овие вежби, една десет минутна сесија наутро, за да биде во форма во текот на целиот ден и една навечер, за да се релаксира од напорниот ден и обврските.

 

 

Актерката има и свој избалансиран режим на исхрана. Таа се потпира на протеините, а како нејзина омилена комбинација се јогуртот и парче ниско калорично сирење. Џејн додава многу млеко зеленчук и овошје во својата исхрана. Оризот и тофуто се производи кои на организмот му овозможуваат доволно количество на протеини и таа често ги конзумира. А не ги исклучува ниту порциите варен зеленчук. Омилена храна на актерката се житариците кои таа ги додава на печурките, во салати од зелка или спанаќ, па и во јогурт. Според неа тие компатибилни со организмот, богати се со влакна кои се од суштинско значење за одржување на здрав метаболизам особено на нејзина возраст.

 

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Убавина