Тајните на убавината на принцезата Дајана

13 март 2017

Професионалната шминкерка Мери Гринвел била секогаш задолжена за шминката на принцезата Дајана, а неодамна таа откри неколку трикови со кои се служела за таа секогаш да изгледа беспрекорно.

Принцезата Дајана остана запаметена како една од најпопуларните и најомилени принцези во светот која на јавноста секогаш и се обраќаше со неверојатна посредност и срдечност.

Покрај тоа, таа освојуваше каде и да се појави со нејзиниот шармантен изглед и секогаш уникатни комбинации, но и негуваното и беспрекорно нашминкано лице.

Жените ширум светот постојано се обидуваа да го копираат нејзиниот изглед и сакаа да дознаат кои производи ги користи за нега на кожата и лицето, за стилизирање на косата, како го одржува тенот и уште многу други прашања кои до денеска останаа неодговорени.

Нејзината шминкерка Мери Гринвел одлучи конечно да открие дел од тајните на принцезата низ неколку основни правила кои таа секогаш ги почитувала.

-Секогаш прво нанесете балсам за усни

„Балсамот за усни одлично ја подготвува кожата на усните за карминот што треба да го нанесете. Од голема важност е и овој дел од лицето секогаш да биде хидриран како и останатиот, тоа е една од работите на кои јас секогаш сум укажувала“, вели Гринвел започнувајќи ја листата правила на принцезата.

-Хидрирајте ја кожата секојдневно

„Никогаш не прескокнувајте ја кремата за лице, како ни онаа ноќната. Кожата мора да се храни доволно и мислам дека не можам доволно да нагласам колку овој дел е од исклучителна важност“.

-Не ги заборавајте вратот и деколтето

„Кога ставате крема на лицето, задолжително нанесете на вратот и на деколтето. Нека тоа ви стане дел од секојдневната рутина. Кожата е навистина тенка во овој предел, а тоа е дел од телото каде прво се појавуваат знаците на стареење. Затоа, секогаш негувајте го“.

-Користете повеќе производи за нега

„Кога станува збор за козметиката и негата на кожата, повеќе е повеќе! Не плашете сѐ да нанесете повеќе добри креми за лице пред да се нашминкате. Една од омилените работи на принцезата Дајана беа кремите за лице и производите за нега на кожата. Таа сакаше да разговара за нив. Понекогаш ќе ме викнеше да одам кај неа само за да разговараме за креми, тоници и нивните начини на делување“.

-Не му дозволувајте на моливот за очи да се размачка

„Кога нанесувате молив за очи, потрудете се да го исцртате веднаш до работ на трепките, така изгледот е најефикасен. За да не се размачка, нежно натапкајте го со стапче за уши. Принцезата Дајана користеше син ајлајнер и молив за очи, но јас ја убедив да се откаже од него, за да на нејзиниот изглед не му додаде топла и нежна естетика“, вели Мери.

-Мини масажите се круцијални

„Масирајте го своето лице секојдневно, без исклучок. Поминувајте со рацете и прстите лесно преку лицето и разбудете ја својата кожа, помогнете и на циркулацијата да струи побрзо и посилно“.

„Кожата на принцезата Дајана беше навистина убава и не требаше многу да се работи на неа. Никогаш не ставав многу слоеви шминка кога ја средував. Таа самата сакаше да има благо сончан тен, и секогаш користев бронзер и руменило. Производот кој таа секогаш го користеше беше коректорот“, додава за крај нејзината шминкерка.

Објавено:
13 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.501 пати
Извор: 
elle.rs