Анелис Марија Франсин за многу кратко време стана вистинска Инстаграм ѕвезда откако на нејзиниот профил почна да објавува фотографии на кои со помош на шминка успешно се трансформира во значајни филмски ликови. 

Со вистинска и внимателно одбрана винтиџ облека, фризура и шминка и со малку магија од нејзините талентирани раце, оваа девојка се претвора во Скарлет О’ Хара, Одри Хепберн, Коко Шанел, Снежана и уште многу други значајни филмски ликови. 

Неверојатната винтиџ облека што оваа девојка ја носи, ја купува преку Интернет и тоа по многу ниски цени. Покрај ретро парчињата, таа ужива да комбинира и винтиџ накит, модни додатоци, чевли и што уште не, со што на крајот го добива тој неверојатно ретро изглед. 

„Отсекогаш сакав да си играм со шминка и да се трансформирам во ликови од разни филмови и серии. Пред неколку години ја скратив косата и многу луѓе ми рекоа дека ги потсетувам на Одри Хепберн, па така некако и почнав со трансформациите. Веднаш потоа добив инспирација и за други ликови“, вели Анелис. 

Позитивните реакции не стивнувале веднаш откако таа почнала да ги објавува фотографиите, а токму тоа и ја натерало да продолжи со трансформациите за кои ќе каже дека не знае каде ќе ја одведат на крајот.

Објавено:
2 јуни 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
860 пати