Темноцрвениот кармин е број еден оваа есен

25 октомври 2018

Црвените нијанси на кармин се дефинитивно едни од омилените во секоја сезона, а истото е случај и оваа есен.

Фото: Marie Claire

Овојпат, наместо јаката црвена боја, девојките сакаат да носат темно црвени нијанси со што се добива еден драматичен, женствен и посебен изглед.

Станува збор за малку погламурозна варијанта од црвениот кармин, а одличен е бидејќи лесно се прилагодува на секаков тен и е совршен во секоја комбинација.

Идеален е во моментите кога сакате да носите едноставен црн или бел фустан и сакате со нешто да го истакнете изгледот, а сепак да не биде премногу.

Ако оваа сезона ја баравте совршената нијанса на црвен кармин, тогаш оваа е како создадена за вас.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
25 октомври 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
456 пати