Тетоважите за коса во форма на ѕвезди хит за празниците

25 ноември 2016

Младата актерка од серијата „Pretty Little Liars“ Луси Хејл во моментов е една од најголемите трендсетерки која постојано на социјалните мрежи објавува фотографии со интересни трендови.

Она што последно можевме да го видиме од неа се тетоважите за коса кои се чини дека таа ги враќа од заборавените трендови.

Тоа го направи во вистински момент пред празниците кога ни се потребни некои нови идеи и трикови за разубавување на секоја комбинација.

Актерката и тимот кој се грижи за нејзиниот изглед овој пат се одлучија за интересни тетоважи за коса во форма на ѕвезди кои ги поставија околу патецот на едноставно репче.

Тие се и многу едноставни за употреба, односно само се нанесуваат на саканото место на косата и се фиксираат со лак за коса.

За да ви останат подолго време и да немате проблеми, фиксирајте ги некаде околу патецот на добро „залижана“ коса и воопшто не грижете се во текот на целата вечер.

Овие тетоважи можат да бидат одличен додаток на бројните фризури за празниците и забавите кои доаѓаат со нив.

Доколку не ви се допаѓа количината на ѕвезди што актерката ги има на косата, одберете помалку со кои ќе блеснете подеднакво.

Објавено:
25 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
7.241 пати