Топ пет парфеми чиј мирис асоцира на чоколадо

23 октомври 2013

Мирисот на чоколадо ретко кој може да го одолее. Ви претставуваме пет парфеми кои содржат чоколадна нота, а ако сте љубители на слаткиот мирис тогаш дефинитивно треба да го помирисате секој од нив и да го изберете вистинскиот за вас.

Овој парфем мириса како најслатката коцка од овој десерт.

Гурманската арома од овој парфем  потсетува на колачи. Мирисот на портокал помешан со ванилен шеќер и чоколадо едноставно освојува.

Сетете се на мирисот кога отворате бомбониера. Мирис на вишни, чоколадо, ружи и сандалово дрво.

Арома на сладок ликер и какао кој не грее во ладните вечери, ова е зимски парфем што ќе го помириса секој кога ќе пројдете, зарем има некој што не го посакува тоа.

Арома на липа, јагода и чоколадо. Овој пафрем е за оние што сакаат суптилните мирисни ноти, а сепак слатки и неодоливи.

Запаметете ги нивните амбалажи и имиња и тргнете по парфимериите да го најдете оној што одговара на вашиот вкус.

Објавено:
23 октомври 2013
Категорија: 
Убавина