Тренди пунџи во сите облици

30 октомври 2014

Разните форми на пунџи се „најбезболен“ избор на фризура соодветна за различни прилики . Ноншалантната пунџа е идеална за бохо комбинација, додека ниските и строги пунџи се совршени за свечени прилики. Кај стилистите овој тип на фризура беше омилен и за време на последните модни недели, па така пунџите беа дел од ревиите на Дијан вон Фурстенберг, Ланвин, Прада и Роберто Кавали. За многумина инспирацијата е поврзана токму со пунџите на балерините за време на настапите и тренинзите.

Стилистот Гвидо Палау за ревиите на Прада, Ланвин и Роберто Кавали одбра строга верзија на оваа фризура која е идеална за вечерни прилики и совршено се комбинира со црвен кармин. Оваа верзија е лесна за правење. Соберете ја косата пониско или повисоко на врвот од темето, врзете ја во опавче и потоа смотајте ја околу него. За крај може да ставите лак на косата. Доколку сакате „мокар ефект“, тогаш нанесете пења на косата и комплетирајте го изгледот со нагласени smokey eyes, за да го оттргнете романтичниот впечаток, кој се добива со ваков тип на фризура.

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Убавина