На нашето тело му е потребна енергија за да може во текот на денот да ги оствари сите процеси вклучени во метаболизмот. А таа енергија се нарекува калории. Ако внесувате премалку калории, метаболизмот е бавен бидејќи работи со „помала брзина". Но, постои начин како да го забрзате метаболизмот, а без притоа да внесувате големо количество непотребни калории. Неколку трикови во продолжение:
-Стартувајте го денот со квалитетен појадок. Не е битно колку јадете, туку што јадете. Наутро практикувајте протеински намирници како јајца, јогурт или месо.
-Кардио вежбите може да ви помогнат за кратко време да согорите повеќе калории и максимално да го забрзате метаболизмот.
-Кафето заменете го со зелен чај. Телото ќе ви биде бескрајно благодарно. Зелениот чај исто така содржи кофеин што ќе ве разбуди и ќе ви даде енергија, па според ова нема потреба да стравувате дали ќе може да останете будни во текот на целиот ден.
-Вежбањето со тегови е сигурен начин со кој ќе го забрзате темпото на метаболизмот, а истовремено ќе ви помогне и во формирањето мускули.