Трикови за исправување на коса што можеби не сте ги знаеле

18 февруари 2014

Creative hairstyle with smooth long female hair

Фризерката Емили Хесер открива како можете со одредени супстанци да си помогнете во процесот на исправување на коса, а притоа да не користите преса или четка:

*Сулфурот би можел да ви биде од помош кога се работи за негување и исправување на косата. Кератинот, протеинот кој е природна состојка на косата, во себе содржи одредено количество на оваа состојка, која пак го забрзува растењето на косата. Исто така, сулфурот ќе придонесе за тоа косата да ви остане права, така што ќе ја зајакне.

*Додавањето на чашка водка во балсамот за коса може да ви помогне со исправувањето на косата. Ниското pH ниво на водката го омекнува влакното, поради што лесно ќе ја обликувате фризурата, онака како што посакувате.

*За да можете полесно да се справите со косата, направете маска од кокос и лимета. Помешајте две лимети со кокос и оставете ја смесата во фрижидер неколку часа, додека не стане густа. Со четка нанесете ја од коренот кон краевите на влакното и оставете да отстои 20 до 30 минути. После тоа исперете ја косата и измијте ја вообичаено.

*Ако имате соковник, во него ставете една китка целер, вклучувајќи ги и лисјата. Во исцедениот сок додајте малку вода и сето тоа ставете го во шишенце што има распрскувач. Напрскајте ја смесата на коса, исчешлајте ја и оставете да стои 15 до 20 минути, пред да ја измиете.

*Направете смеса од банана и папаја. Тоа ќе и даде на вашата коса влага и ќе спречите влакната на косата да прават што сакаат. Во еден сад, згмечете зрела банана и папаја и додајте една лажица мед. Добро измешајте ја смесата, нанесете ја на косата и чешлајте додека не стане сосема права. Дури откако косата сосема ќе се исуши со нанесената маска, измијте ја на вообичаениот начин.

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Убавина