„Убавата жена“ повторно инспирираше за нови предизвици

4 јуни 2014

Компанијата за убавина Ланком најави дека ќе почне со производство на поинтензивни парфеми, инспирирани од оригиналниот парфем за жени La Vie Est Belle, кој за прв пат беше лансиран во 2012 година. Парфумерите Доминик Ропион и Ана Флипо имаат нов предизвик. Тие двајцата решија да креираат поинтензивен парфем збогатен со мирисни есенции од сладок ирис, круша, рибизла и цветни ноти од роза кои ќе ја брануваат срцевината на парфемот.

Актерката со најубава насмевка Џулија Робертс, која беше заштитно лице на првичната кампања за парфемот La Vie Est Belle, ја прифати понудата повторно да се појави во новата рекламна кампања на парфемот, која овој пат ќе биде режирана од страна на Картер Смит. Новата едиција на парфемотLa Vie Est Belle Absolu ќе биде достапна од 25 август оваа година.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Убавина