Убавината има бизарни навики!

29 септември 2017

Во дваесетиот век, ѕвездите на Холивуд имале сопствена рутина како да ја одржуваат својата убавина. До ден денешен нивната убавина плени. Она што е интересно е дека тие самите на свој сопствен начин умееле  да го негуваат своето лице. Денес имаме на располагање врвни комзетички третмани, потхранување на кожата, подмладување.

Нивната рутина кај поголемиот дел е повеќе од бизарна. Примерно, Џоан Крафорд ги премачкувала своите очи со борова вода за да и светат очите и на тој начин ја одржувала свежината, ја миела косата со шест јајца и секогаш ја имала експресијата на лицето како се да потврдува. Џоан Крафорд ќе раскаже како Кетрин Хепберн ја научила на трикот како да ја мие својата коса со јајца кои особено се добри како природен препарат за долги и негувани коси. Додавала црвено вино, малку рум и тоа и бил шампонот за коса. Таа исто така самата си подготвувала маска за коса. Една од омилените и била маска со овес, жешка вода, мед,сода бикарбона и цело јајце. Оваа рутина треба да ја направите пред мажот да се врати од работа. Така барем советувала Крафорд!


„Европјаните знаат за овие третмани кои се едноставни и практични. Нивните мажи не знаат за тоа како тие се убави и негувани, затоа што за време кога ја имате нанесено маската на вашето лице вие сте ужасно грди и затоа треба да ги направите вашите ритуали пред тој да дојде дома“. Таа ќе додаде колку е важно секогаш да имате насмевка на вашето лице, секогаш да сте расположени. Насмевката е најважен дел од вашата убавина.


Мерилин Монро употребувала пет различни нијанси на кармини за да ја постигне саканата боја на нејзините усни. Темните нијанси на ивиците од усните, а во средина светол сјај и тоа најчесто вазелин. Велат дека и било потребно повеќе од еден час да ја постигне саканата цел со својот кармин и можеме јасно да заклучиме дека Мерлинка имала време многу на располагање.

Исто така на секој нејзин градник биле пришиени мали кристалчиња (налик на џамлии) само со една цел, да и изгледаат брадавиците како да се постојано надразнети. Спиела со градник затоа што била убедена дека е тоа единствениот начин како да ги оддржува градите во форма. Користела неколку вида на креми за лице затоа што била опседната со младешкиот изглед и одбивала да ги отстрани влакната од лицето затоа што тврдела дека токму тие се причината за нејзиниот сјаен изглед.


Марлен Дитрих своевремено била една од најплатените холивудски ѕвезди, секс симбол, отворено говорела за својата бисексуалност што било табу во тоа време. Дитрих била позната по своите барања на филмските сетови, особено кога се работело за нејзините перики. Таа имала многу слаба коса и малкумина знаеле за тоа. Од таа причина Дитрих ќе го ангажира водечкиот фирзер во тоа време, кој пак работел за Макс Фактор. На нејзините перики ставал вистинска златна прашина за да имаат сјај. Златната прашина чинела 60 долари, што е еднакво на денешни 842 долари. Макс Фактор не сакал многу да троши на нејзините хирови и златна прашина, затоа фризерот после употреба на периката ја расчешлувал и на тој начин да заштеди половина од златната прашина.

Можеби Фани Вард, хероината на немиот филм имала најбизарна навика како да го зачува младешкиот изглед. Верувале или не висела на врата од горе надолу по еден час дневно и на тој начин ја потикнувала циркулацијата на крвта. 


Мејк ап артистот Алберто де Роси на Одри Хепберн и нанесувал маскара, а потоа ги раздвојувал нејзините трепавици со остро ноже многу внимателно. На тој начин за секое фотографирање или снимање на филм нејзините очи изгледале поголеми. По смртта на нејзиниот шминкер, Одри изјавила како ќе и е полесно ако се откаже од филмската кариера, отколку да има нов шминкер.

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.442 пати