Uriage, термална вода од Француските Алпи

3 октомври 2019

Создадена во срцето на француските Алпи, на 4800m надморска височина, на врвот Гренобл, термалната вода го започнува својот пат долг 75 години ..... Во текот на ова патување се раѓа вода со уникатен состав од минерали и олигоелементи во концентрација од (11g/L) со што ја прави најбогата минерална термална вода во светот.

Изворот на термална вода постои 2000 год. На самиот извор е изграден термален центар кој постои 200 год. и во овој центар се лекуваат пациенти со дерматолошки проблеми на кожата, алергиски ринитис и сл.
Термалната вода е неизбежен составен дел на Uriage и веќе 25 години е дел од секој производ на дермокозметиката Uriage.

Составен дел е на производите за бебиња, деца и возрасни. Оваа дермокозметика е присутна на пазарот во преку 80 земји во светот.

Термалната вода е изотонична, 100% чиста природна и богата со минерали. Таа поволно делува на сите 3 бариери на кожата (заштитна, микробиолошка и имунолошка бариера). Термалната вода овозможува длабока хидратација на кожата, штити од слободни радикали, омекнува, освежува, ја фиксира шминката, формира заштитен филм на кожата и после 1 час од нанесувањето, ја зголемува хидрираноста на кожата за 32%. Има анти-инфламаторно дејство.

Во дерматологијата се користи при инфламаторни дерматози, оштетување на кожата предизвикано од површински изгореници, пост-оперативни рани, во зоната на пеленската регија кај бебињата при појава на пеленски исип.

EAU THERMALE линијата на Uriage е наменета за секојдневна нега, хигиена и хидатација на кожата.
Соодветна е за сува, нормална и комбинирана кожа.

Колекцијата се состои од огромна палета на производи за нега на:

-кожа на лице (креми, серуми, маски, крем за околу очи)
-и препарати за хигиена и нега на тело (маслена купка, млеко за туширање, свилен лосион за тело, мицеларни води за отстранување на шминка, ролл –он)

EAU THERMALE е идеално решение за дехидрирана кожа со единствен хидро -термален комплекс. (Термалната вода, H2O PATCH COMPLEX (кој се состои од агинат, хујалуронска киселина и кополимер кој штити од исушување и AQUAXIL комплекс кој ги зголемува природните резерви на природно навлажнувачкиот фактор).

Кремите овозможуваат 24 часовна хидратација, имаат немасна и нелеплива структура и брзо се апсорбираат, даваат на кожата негуван и блескав изглед. Сите производи се без парабени, хипоалергени, некомедогени.

EAU THERMALE дневна рутина:
Чекор 1 Исчистете ја темелно Вашата кожа со Uriage мицеларна вода.
Чекор 2 Освежете го лицето со Uriage термалната вода во спреј, богата со минерали и олигоелементи.
Чекор 3 Нанесете на лицето EAU Light или EAU Rich крем за лице и дополнително околу пределот на очите нанесете EAU крем за околу очи.

*Комерцијален текст

Објавено:
3 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
559 пати