Уживајте во летото со козметиката на Lush за превентивна заштита од изгореници

23 јули 2019

Колку и да го сакаме летото, сепак летните горештини знаат да бидат иритирчки и да нè прават нервозни. Па нормално, си создавеме и навики како "да ги преживееме" овие топлотни бранови. Неколку производи на Lush можат да ви дадат убав ефект на разладување и освежување. Сонцето може да нè бакнува, но не често нековиот бакнеж знае да нè прелаже и изгори.

Најпрво што би направиле за заштита? Секако. Лосион или путер со заштитен фактор...

Sunblock е еден од поновите производи на Lush . Има фактор за заштита 30. Оваа магична плочка направена на база на сусам и камилица ќе ве спаси ова и секое наредно лето од врелите сончеви бакнежи.

Sesame Suntan е лосион за тело со зашитен фактор10, доволен за шетање по градските улици. Сусам, алое вера за разладување, какао путер и лист од орев е неговата тајна за штитење од непотребното горење.

Кога веќе ви е претопло, дури и неподносливо, има феноменално решение. Тоа се овие две желеа за туширање. Чувајте ги во фрижидер за ладна бања.

Whoosh и Deep Sleep се две желеа за туширање. Прв пат се направени во 2005 година за да се прослави десетиот роденден на Lush. Пробајте ги замрзнати, за освежително туширање, или лавиба од свежина во када. Инспирирани се од скандинавската практика на туширање, стимулирачко топло-ладно туширање, кое е одлично за подобрување на тонусот на мускулите и за потикнување на циркулација, Lush желеата се направени од караген гел од морски алги. Tаа состојка е полна со минерали и ја прават вашата кожа и коса помеки.

Некогаш и кадата е доволна за да се осети морската свежина. Наполнете ја и пуштете ја Big Blue шумливата купка. Сол и морски тревки ќе ви го подобрат расположението, а и ќе ве разладат.

Кога сончевите зраци веќе допреле до вашата кожа, најдобар спас ќе ви донесе Oaty Creamy Dreamy гел за туширање со овесно млеко, лаванда и сина камилица. Подоцна нанесете од Dream Cream лосионот за тело со овесно млеко, лаванда и органско ладно цедено маслиново масло. Оваа комбинација е добитна за секоја кожа која што се подзаборавила на сонце.

Секако и лицето е подложно на изгореници. Ви ја препорачуваме Cosmetic Lad, крема за најчувствителната кожа. Мед, вода од лаванда, органска алое вера, африкански невен, шеа путер, ладно цедено органско бадемово масло, како путер... Прва помош за кожа која пече од сонце.

Ова се некои од начините за прва помош на 40+
Уживајте во летотот!

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
474 пати