Вера Мештеровиќ препорачува: Clarissa трендовски гел-лакови за нокти

4 декември 2017

Драги дами,

Негувани раце и средени нокти се огледало на една жена. Тие се показател колку таа води сметка за себе и својата убавина.

Секоја сезона со себе си носи актуелни трендови, кои ние жените се трудиме да ги имплементираме во својот изглед.

нијанса на гел-лак: Roma collection/Priscilla

Тоа важи и за гел-лаковите, кои се вистински хит во козметичката индустрија веќе подолго време. Брендот Clarissa се потруди да создаде палета бои за гел-лакови за нокти со кои оваа сезона есен-зима ќе биде поинтересна и во која ќе се пронајдат голем број жени.

Од една страна се црвените, кафени и портокаловни нијанси, кои имаат за цел да ја разгорат страста и да го поттикнат сензуалниот импулс.

Иако можеби ќе речете дека ова е сигурен избор, сепак Clarissa се потруди да понуди една поинаква палета со нијанси кои со нетрпение ќе посакате да ги пробате бидејќи изгледаат софистицирано, елегантно, суптилно, а истовремено и доволно впечатливо и токму затоа имаат почесно место во мојата козметика.

Од друга страна пак, кога е зимската палета во прашање, можете да одите на сигурно од неутралните беж нијанси, па да експериментирате сè до модри виолетово-сини нијанси, кои ќе ве асоцираат на студенило, но всушност ќе придонесат да ја прикажете вашата смела нота.

Мотото на Clarissa е „Убавина за сите“, а тоа го покажуваат и преку оваа нова колекција гел-лакови.

Ваша,

Вера Мештеровиќ

 

*спонзорирана објава

Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се верзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.
Објавено:
4 декември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.240 пати