Вера Мештеровиќ препорачува: Мојот омилен Clarissa зимски лак за нокти

31 јануари 2018

Драги дами,

Во зимскиот период честопати знаеме да се потпреме на сигурни избори, заборавајќи дека и оваа сезона од годината може да си ја направиме поинаква и убава.

А еден од начините да го постигнете тоа е да внесете нешто ново во својот изглед. Веќе претходно зборував за актуелните Clarissa трендови кога се лаковите за нокти во прашање. Оваа зима носиме од неутрални беж до модри виолетово-сини нијанси.

Мојот денешен предлог е токму една модро-сина нијанса, со седефаст сјај и ефект на огледало. Ќе имате впечаток дека имате ѕвездено небо на ноктите. Се работи за студена нијанса, која ќе се согласите, изгледа софистицирано и моќно.

Оваа нијанса совршено ќе се усогласи во вашиот деловен стајлинг, но исто толку добро функционира и во лежерни комбинации со џинс и џемпер, или пак свечени и токму затоа е еден од моите фаворити сезонава.

Оваа зима бидете смели, покажете дека не стравувате од промени!

 Ваша,

Вера Мештеровиќ

 

 

 Стајлинг: Елена Лука

Реализација: Fashionel.mk

 *спонзорирана објава

Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се верзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

 

Објавено:
31 јануари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.897 пати