Вера Мештеровиќ препорачува: Нова пролетна палета на лаковите Lei

8 март 2018

Драги дами,

Денеска е денот кој што ја слави нашата борба за рамноправност, еднаквост, независност... 8-ми Март треба да не потсети дека ние сме единствени, посебни, паметни, храбри, незаменливи – жени кои се борат за подобра иднина и рамноправно општество за сите. Ви го честитам Меѓународниот ден на жената и ја поддржувам нашата заедничка мисија.

Она што секоја жена го заслужува, е и покрај динамиката на современиот живот и секојдневните обврски, секогаш да најде и си посвети време за себе. Добра книга, надоградување на професионалното образование, нов курс преку кој можеби ќе откриете некој ваш талент, инвестиција во себе...

А ние во Clarissa секогаш сме посветени вам и на вашите потреби. Денеска сакам да ви откријам една нова, свежа палета на бои во колекцијата на нашите лакови за нокти, Lei. Како доаѓа пролетта, така и колоритот станува позабавен, романтичен, богат со нијанси... Новата пролетна колекција од Clarissa ќе ви понуди широк избор со кој ќе го освежите вашиот маникир во духот на новата сезона.

Од сите нијанси на храбрата црвена боја, па се до нежни и суптилни тонови – во нашата пролетна палета секоја од вас ќе ја пронајде нијансата која најмногу ви одговара.

Она што исто така сакам да го потенцирам како новитет е можноста во поцесот на маникир да се создаваат различни креативни форми благодарение на магнетите за форми на магнетен гел за нокти. Ги собира микро-магнетните честички во гелот за надградба (магнетен), а со тоа добивате галактичен ефект во форма на преливна линија, цик-цак, v-форма или можете слободно да ги цртате саканите форми врз ноктот. Креативноста е бесконечна...

Стајлинг: Елена Лука

Реализација: Fashionel.mk

*спонзорирана објава

Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се врзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија. Покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Објавено:
8 март 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.248 пати