Вера Мештеровиќ препорачува: Професионален сет за полутрајна шминка од Clarissa

26 декември 2017

Драги дами,

Во ова современо темпо на нашето секојдневие, времето е едно од најдрагоцените нешта што може да си го подарите себеси.

Една од најзначајните предности на полутрајната шминка е токму тоа што ви останува повеќе слободно време за вас, на сметка на секојдневната рутина на шминкање. Така во секое време го имате посакуваниот свеж изглед на вашето лице.

Со своето 35-годишно искуство, италијанскиот бренд Clarissa, гарантира за квалитетот на своите производи, вклучително и комплетниот професионален сет за полутрајна шминка.

Со комбинацијата на врвната технологија и висококвалитетни материјали, овој професионален сет „Silver line" е сигурен и врвен избор за секој професионален шминкер.

Сетот содржи софистицирана машинка, сите додатни елементи, различни типови на игли и пигменти со кои се заокружува еден комплетен процес на полутрајна шминка. Висококвалитетните пигменти што ги содржи овој сет се соодветни на сечиј тен и што е многу значајно не се менува нивната боја со текот на времето.

Топло им го препорачувам „Silver line" на сите професионалци, затоа што Clarissa гарантира за врвното професионално искуство што го обезбедува овој комплет производи.

 

Ваша,
Вера Мештеровиќ

*спонзорирана објава
Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се верзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

 

Објавено:
26 декември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
687 пати