Вера Мештеровиќ препорачува: Со Clarissa до совршени веѓи

19 декември 2017

Драги дами,

Еден од најактуелните трендови во последно време, кога е декоративната козметика во прашање, е јапонската метода за исцртување веѓи, односно Microblading.

Се работи за полутрајно исцртување со нанесување на пигмент во епидермисот. Бидејќи бојата е блиска до површината, се добива природен и прецизен изглед.

Clarissa како бренд кој ги следи трендовите и се стреми да им го овозможи на клиентите најдоброто, го има совршениот сет за Microblading веѓите.

Разликата помеѓу вообичаената трајна шминка и јапонскиот метод за исцртување веѓи е што вториот не се прави со машина. Пигментите рачно се ставаат на кожата.

Тоа се прави со тенко “пенкало“, кое е многу лесно и специјално дизанирано за оваа потреба, со соодветна заштита и спречување на кршење или виткање на иглите со кои се работи.

Оваа метода е единствена бидејќи влакната остануваат во форма на исцртано влакно, а не влакно што расте под кожата.

Исцртувањето се врши со тенка “игла“, а сетот содржи игли со различни дебелини, со што се приспобуваат на различни типови влакна, односно веѓи (погусти, потенки, мазни, поприродни...)

Сите делови на сетот се приспособени за сите типови кожа, а овозможуваат и создавање на сите облици.

Во рамки на сетот, Clarissa нуди и совршен лосион за нега со екстракти на Алое Вера, наменет по завршувањето на исцртувањето на веѓите. Повторно, и овој лосион е наменет за сите типови кожа, ја негува и смирува и дава сјајен изглед, како на кожата, така и на веѓите.

Сетот е наменет за сите професионалци и ќе понуди сосема ново искуство при работењето.

За сите дополнителни информации, ви стои на располагање тимот на Clarissa.

Веќе не мора да се грижите како ќе изгледате кога ќе станете наутро. Одговорот е едноставен – совршено.

 

Ваша,

Вера Мештеровиќ


*спонзорирана објава 

Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се верзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Објавено:
19 декември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.019 пати