Вера Мештеровиќ препорачува: Тајната на совршените нокти е во геловите Optima

14 март 2018

Драги дами,

Средените нокти со гел ефект веќе сезони наназад се вистински хит. Но, веројатно повеќето од вас се соочиле со не секогаш врвен квалитет, па ефектот не бил задоволителен.

Clarissa ја знае тајната на совршените нокти. Се работи за колекцијата гелови и УВ гелови насловена како Optima. Таа е составен дел од понудата на производи на Clarissa, а има повеќе типови кои ќе направат вашите нокти да изгледаат подобро од било кога. 

Се работи за трофазни гелови. Конкретно, од левата страна на фотографијата е ултра бел гел за прекривање. Поседува висока вискозност и се суши за 2 минути во УВ лампа. Не жолтее и наменет е пред сè за француски маникир. По сушењето, гелот остава малку леплив слој, кој не треба да се отстранува пред нанесувањето на следниот слој гел. Лепливиот геј служи за подобро соединување и совпаѓање на производот кој се става после гелот. Се нанесува со четкичка, без грубост и притискање. Дебелината на слојот треба да е од милиметар до два, за да може што подобро да се исуши. 

Од десната страна на фотографијата пак, е прикажан Optima UV Led Gel - се работи за „кавер“ гел, има розова боја и е создаден за екстенција. Има средна компактност и тоа му овозможува да биде самоградечки гел за природен изглед на ноктите. Гелот има таква природа што овозможува совршено спојување со вашиот нокт, но истовремено е толку лесен за паликација. Природната боја е совршена за екстенција на базата на природниот нокт и за прикривање на недостатоците. Се суши во УВ ламби 3 минути, односно во Лед Ламби 40 секунди.

Верувам дека ова пред сè ќе им биде од корист на оние што се занимаваат со маникир, но и на оние што сакаат нивните нокти да изгледаат совршено. За сите дополнителни информации, како и за комплетната понуда во рамки на колекцијата Optima, на располагање стои тимот на академијата Clarissa.

 

Ваша, 

Вера Мештеровиќ

 

 

*Вера Мештеровиќ е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се врзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија. Покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти

Објавено:
14 март 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
654 пати