Видете ги најновите трансформации од фризурите на познатите

10 јуни 2014

2014-та е година на драстични трансформации во однос на фризурите на познатите. Во продолжение ќе погледнете плејада  од познати профили што одлучија да го променат изгледот на својата коса, како во бојата така и во формата.  Генерално повеќето од трансформациите се успешни, а секако промената на фризурата драстично ги менува.

Лили Ален

Своите интензивни сини прамени ги замени со силна црвена нијанса на бојата од косата,  помешана со природниот смеѓ тон.

Џенифер Анистон

Неодамна Анистон ја скрати косата, а сега ја промени и бојата во костенливо кафена.  Познатата актерка долги години ја имаше истата фризура, па конечно дојде време да ја промени. Оваа нејзина трансформација дефинитивно и прилега.

Пипа Мидлтон

Сестрите Мидлтон секогаш имаат свој препознатлив стил од  чоколадно кафените коси.  Пипа ја скрати косата, а стилистите за фризура нагодуваат дека ова е новиот тренд на „долг боб“.

Адам Левин

Фронтменот на „Марун 5“ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа неговиот нов имиџ во однос на фризурата која сега е руса. Притоа не пропушти под фотографијата да напише: „Се надевам луѓето ќе разберат дека кога велат за мојата фризура дека е застрашувачка, јас тоа го сфаќам како комплимент“.

Кристен Виг

Откако најпрвин ја промени формата, сега Кристен ја промени и бојата на косата. Од руса стана бринета. Промената на русата коса веќе се смета за тренд.

 

Меги Гиленхал

Актерката Гиленхал е позната по драматичните промени на фризурата. Сега спротивно од повеќето славни дами, таа од бринета стана русокоса. Со оваа фризура таа се појави на Кан.

Кети Пери

За поп пејачката Кети Пери воопшто не е изненадувачко што и да направи со својата така. Беше сина, виолетова, розова, а најновата нијанса на Кети е обоена во драматично зелена боја освен шишките кои ги остави во природната нијанса.

Кристен Стујат

За филмски улоги Кристен неколкупати ја менуваше фризурата, сега таа за нов професионален ангажман ја обои косата портокалова.

Деми Ловато

Поп пејачката ги има пробано сите бои од спектарот. Но, овојпат таа ја задржа розовата боја, а ја избричи половина коса од левата страна.

Џулијан Хаф

Од долга коса, Хаф се одлучи да ја скрати во ретро фризура. Единствено ја задржа нијансираната руса боја, а долгите прамени коса ги остави во некое минато време.

Бритни Спирс

Ова не е најдраматичната трансформација на Бритни кога станува збор за фризурата. Овојпат нејзиниот препознатлив белег, русата коса, сега е меѓу темно кафена со црвен сјај. Сепак, ова е голема промена за Бритни.

Тејлор Свифт

Убавата пејачка, освен што ја скрати долгата коса, таа ја промени и неколку нијанси. Па така, од светла русокоса премина во потемна со кратка „боб“ фризура.

Кејт Босфорт

Што и да промени, таа останува прекрасна. Кејт пред месец дена на снимањето нов филм се појави свежо фарбана во црвена нијанса.

Никол Ричи

Откако пред извесен период за медиумите го отвори својот плакар и ја обои косата виолетова, Никол Ричи ја задржа бојата која по се изгледа многу и се допаѓа.

Елизабет Олсен

Помладата од сестрите Олсен, Елизабет, од русокоси премина во бринети. И таа е уште еден случај дека потемните нијанси на боја за коса се поактуелни од светлите.

Ајрланд Болдвин

Ќерката на Алек Болдвин, изгледа го следи примерот на Кели Озборн. Како и Никол Ричи и таа ја обои косата во виолатова нијанса.

Маргот Роби

Кога Роби се појави на црвениот килим од Оскарите ретко кој ја препозна. Роби од русокоса убавица стана бринета. Ваква нијанса на боја таа носеше во средношколските денови.

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Убавина