Вљубувањето – најефикасната диета според „Хардвар“

28 декември 2017

Празничниот период или некоја посебна пригода се секогаш моментите кога посебно почнуваме да внимаваме на својот изглед, кога бараме разни диети што брзо ќе нè однесат до саканите резултати.

Според најновото истражување на „Харвард“, вљубувањето може многу полесно да ни го реши проблемот со килограмите и тоа благодарение на окситоцинот, кој уште се нарекува и „хормон на љубовта“.

Кога се бакнуваме, прегрнуваме, водиме љубов, го лачиме овој хормон во големи количества, што од друга страна го намалува апетитот.

За да го потврдат ова, направено е истражување врз 25 млади, здрави мажи. Дел од нив, поточна 13 имале нормален Индекс на телесна маса (BMI), a 12 имале вишок килограми.

На некои од нив им бил даден назален спреј со сконцентриран окситоцин, додека на некои плацебо. Никој од учесниците не знаел што добил.

По прскањето со спрејот, секој од учесниците нарачал појадок од понуденото мени, а им биле донесени дупли порции од што и да нарачале.

Потоа, истражувачите измериле колку калории учесниците внеле во организмот. Осум недели подоцна, учесниците го повториле експериментот, но сега тие што примале окситоцин, примале плацебо и обратно.

Резултатите покажале дека љубовниот хормон е достојна замена за десерт. Кога имале окситоцин во нив, учесниците во просек јаделе 122 калории помалку и 9 грама помалку масти. Инсто така го подобриле и метаболизмот.

Со оглед на тоа дека истражувањето е правено врз мала група во која се вклучени само млади мажи, таа ќе се развива и понатаму, бидејќи резултатите биле ветувачки.

А ова е добра вест за празниците да ги искористите за повеќе љубов. Впрочем, така и нема да имате време многу да јадете J

Објавено:
28 декември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
582 пати