Во потрага по вистинската маскара

9 мај 2013

Повеќето жени најверојатно ќе се сложат дека изборот на квалитетна маскара е од суштинско значење кога е убавината во прашање. Или барем тоа е ставот на повеќето козметички компании, ако како некаков индикатор го земеме бројниот избор на маскари на пазарот

 

 

Постојат толку различни видови на маскари, волуменозни, за издолжување на трепките, за нивно задебелување, за извиткување, за изделување, дури и такви кои го потикнуваат растот на самите трепки... И со толку многу опции како да се одбере вистинската маскара? Уште поголема забуна по ова прашање создаваат поп-културата и високата мода кои баш и немаат усогласени ставови кога е изборот на маскара во прашање. Имено, додека ѕвездите како Ким Кардашијан нема да излезат од дома без три сета на вештачки трепки, њујоршките дизајнери имаат малку по минималистички пристап за тоа како треба да изгледаат манекенките на писта. Се смета дека поголемиот дел од жените најверојатно сакаат нешто помеѓу овие два претходно споменати примери.

Па, тогаш, како да избереме маскара која истовремено е природна и дава драматичен поглед?

Експертите поткрепени од своето искуство и знаење, дадоа неколку примери, почнувајќи од тоа како треба да изгледа четкичката на секоја маскара и која е нејзината функција во зависност од тоа каков облик има, па сѐ до нејзина правилна примена и употреба. Еве неколку совети:

Што е поважно формулата или дршката на четката ?

И двете се подеднакво важни. Дебра Колман Нели, директор за истражувања и иновации за козметичката компанија Maybelline, вели дека маскарите се сублимат од формула и апликатор. Обликот на четката влијае на испораката на формулата и му овозможува на потрошувачот да ја открие и користи и најмалата маскара која треба да биде флексибилна и лесна за употреба. Постојат два вида четки за маскари. Традиционални и обични, и вториот вид на моделирани и модерни. И нема некоја разлика помеѓу нив. Шминкерот на L’Oreal, Били Б. (истиот кој учествуваше во „Проект писта“), ги советува жените да пробаат неколку различни форми и формули, за да можат на крај да го одберат оној тип на маскара кој им овозможува најдобар резултат.

 

 

Форма на четката?

„Исто како што употребуваме различни четки за да си ја исчешламе косата, така и маскарите се дизајнирани со најразлични форми на четки со цел да се постигне поинаков стил и ефект на самиот поглед“, додаде Нели. Некои четки се за целосен волумен, а некои за дефинирање и издолжување на трепките. Маскарите кои служат за извиткување на трепките, најчесто имаат заоблени четки, оние кои се за нивно издолжување имаат тенденција кон врвот од четката да бидат потесни, а наназад подебели, со поголем простор меѓу влакненцата, нешто слично како кај плоснатите чешли. За волумен, пак, четките се подебели и со погусти влакненца. Во принцип четки кои имаат пократки влакненца се полесни за употреба.

Трикови за полесна примена:

За да ги извиткате треппки до совршенство, тогаш маскарата ќе ја примените на следниов начин: почнувате да повлекувате со четката од коренот на трепките и влечете полека нагоре кон самиот врв. Славната шминкерка на Шанел, Фулвија Фаролфи советува: „Неколку пати поминете со дршката од четкичката низ трепките“. Били Б. се согласува и додава дека пред да го нанесете вториот слој на маскара да почекате малку да се засуши првиот слој. Поминете онолку пати низ трепките колку што мислите дека е потребно за да го добиете саканиот изглед.

Зборувајќи за извиткување на трепки дали маскарите за извиткување навистина функционираат?

Па, да бидеме искрени и не баш. Имено вие треба само да ги намалите вашите очекувања во врска со виткањето. Реално тој ефект не може да се постигне во целост без употреба на виткач за трепки. Но, според Фаролфи, понекогаш и виткачот не е вистонско решение.

 

 

 

Нанесување на маскара на долните трепки, Да или Не?

„Да, секогаш! Тоа не мора да биде во големи слоеви, но од друга страна, тоа ги прави очите да изгледаат поголеми“, вели Фаролфи.

Но, нанесувајте внимателно маскара ако сте во поодмината возраст. „Сметам дека кај жените на одредена возраст, нанесувањето маскара на горните трепки придонесува за создавање на лифтинг-ефект“, потенцира Били Б. Исто така треба да се земе предвид и фактот дека многумина ставаат и доста дебел слој на маскара на долните трепки, а всушност треба да се нанесе мал слој за да се потенцира долниот дел од окото. (Забавен факт: Clinique има произведено маскара која се користи само за нанесување на долните трепки.)

Што се случува кога маскарите ќе се исушат и ќе почнат да се лепат?

Секоја маскара си има свој рок на траење. Фаролфи, констатира дека доколку на маскарата која ја користите почнуваат да и се лепат влакненцата од четкичката и е засушена, тоа е аларм дека ви треба нова. Според Били Б. пак, доколку после нанесувањето на маскарата вашите трепки се слепени и со грутчиња, многу е голема веројатноста дека таа маскара не ви одговара и треба да побарате нов тип.

 

 

Објавено:
9 мај 2013
Категорија: 
Убавина