Во тренд е бургунди боја на коса

22 март 2017

Веруваме дека за ова ќе има бројни поделени мислења, но стручните лица велат дека ако сакате да покажете став со својот изглед, тогаш оваа сезона треба да ви ја означат нијанси на бургунди.

Исто така, тие потенцираат дека ова е премногу силна нијанса за оние што се чувствуаат срамежливо.

Ако сте пак од оние што би сакале да испробаат нешто ново, но не сте сигурни дали е тоа вистинскиот избор за вас, пробајте со светлите и понежни нијанси на бургунди.

Велат дека секоја боја има 50 нијанси, па тогаш и во 50-те нијанси на бургунди би можеле да ја најдете вистинската.

Одлично им прилега на оние што имаат темна боја на коса, но не дека трансформации не се можни.

Ако досега сте имале светлоруса коса, а сакате да имате бургунди, никако немојте веднаш да се бојадисувате во саканата нијаса, затоа што ќе добиете светловиолетова коса, што може да биде голем шок.

Првин бојадисајте ја косата во основна боја (на пример кафено-црвена), а потоа користете неутрална нијанса за да добиете бургунди ефект.

Оние со потемна руса коса, полесно ќе ја најдат вистинската нијанса, но за оние со многу светла руса коса може да биде малку проблематично, затоа секогаш ваквите нагли експерименти правете ги со стурчно лице. Она што е добро кај русокосите што можат да постигнат повеќе нијанси.

Но, и за оние што имаат темнокафена или црна коса, бургунди исто така не е најлесната нијанса за постигнување. Причината е што нема да дојде многу до израз, бидејќи темната нијанса ќе доминира, што понекогаш знае да биде и фрустрирачки. Затоа, појдете кај професионалец и побарајте интензивна боја, што е подобра варијанта отколку да ја осветлувате, па потоа пак да ја бојадисувате.

Ако имате светла или среднокафена коса, тогаш ја имате совршената основа за бургунди боја. Во овој случај, нијансите на бургунди доаѓаат убаво до израз и можете дури да си играте со тоновите. И црвенокосите спаѓаат во оваа група, бидејќи црвената природно е топла боја.

Стручњаците вела дека можете да користите и полутрајна боја за коса, која дава исто така убави резултати и помалку ја уништува косата.

Дел од познатите личности, како Ријана, Пријанка Чопра, Селена Гомез, Шерил Кроу,  исто така се одлучија за оваа нијанса, некои сега, некои можеби порано, но во секој случај можат да ви послужат за инспирација.

Објавено:
22 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.181 пати