Вратете ѝ го сјајот на косата со неодоливите шампони и маски на Lush

9 април 2019

Најверојатно сте свесни за фактот дека косата во секоја сезона има свои специфични потреби. Лето и зима се најагресивните сезони со кои косата секогаш води жестока битка со цел да ја задржи мекоста, сјајот и целокупниот здрав изглед. 

Во зимски услови косата често ја сушиме со фен, носиме капи, изложена е на топол воздух во загреани простории, а надвор на ветер и студ. Под овие услови косата го губи сјајот, се уништуваат краевите, а комбинацијата со бојадисување и постојано третирање, може да биде фатална за вашата коса. 

Денеска ви препорачуваме неколку производи од Lush, брендот за свежо рачно изработена природна козметика, кои ќе и помогнат на вашата коса не само да ја преживее зимата, туку ќе и го вратат сјајот, ќе го спречат опаѓањето и ќе ја подобрат текстурата на влакното. 

Грижата започнува од самата основа - миењето на косата. Колку шампонот што го користите и дава хидратација на косата, ја храни и негува? Во продолжение неколку фантастични шампони од Lush што ќе ја претворат вашата коса во совршенство. 

-Blousey или како што го нарекуваме банана шампон. Ова е шампон за кршлива и често третирана коса. Неговата основа се бананите кои даваат екстремно омекнување и подобрување на состојбата на косата. Има шест проценти купуаку путер и какао путер. Купуаку путерот е совршена замена за ланолинот, а истовремено го прави овој производ вегански. Дел од овие путери се задржуваат на косата со што таа останува хидрирана. 

-Jersey Bounce е шампон за волумен и влажност. Направен од најхранливите состојки што ни ги дава природата за вашата коса да биде здрава, мека и сјајна. Содржи крупна морска сол која што дава волумен, сок од лимон и мед за сјај, јајца кои се богати со протеини и маслиново масло за зацврстување на косата. 

-Curly Wurly е кокосов шампон за сува и виткана коса. Тој е преполн со природен хранлив кокос и куп природни путери кои ќе ја смират и негуваат сувата и виткана коса. Ставивме и свеж сок од лимон за сјај, фер органски какао путер, шеа путер, путер од авокадо и ладно цедено кокосово млеко. 

-Fairly Traded Honey е шампон што омекнува и чисти, прави совршен баланс, го подобрува сјајот и е добар навлажнувачки шампон за секого. Составот на овој шампон е: 50 проценти фер тргуван мед што навлажнува и дава сјај и 20 проценти ленено семе. Содржи и здравец, пчелин восок, ружи, лимон и бергамот. 

-Rehab Шампон за бојадисана, третирана коса, оштетена коса, која што била запоставувана и бара малку одмор и релаксација. Нема да му е потребно многу време на овој наш шампон, да ја доведе вашата коса во витална и здрава состојба. Содржи мешавина од овошни ензими, свежи сокови од папаја и ананас, сок од киви. Исто така содржи екстракт караген од морски алги, органско масло од јојоба, ладно цедено маслиново масло како и бадемово млеко. Вистинска рехабилитација! 

Третмани за коса! 

Третманите за коса и скалп се резултат на многугодишна експертиза и тренинзи во оваа област. Секој производ е направен од делотворни природни состојки: билки, масла и путери за сјајна, среќна и здрава коса. Ова се моќни третмани кои што за кратко време ќе ја донесат косата во тип топ форма. 

-H’suan Wen Hua. Започнуваме со најсвежата маска за коса. Во ова кутивче спакувавме сè што е потребно за да се врати косата во живот и нејзиниот природен сјај. Содржи: ладно цедено маслиново масло за подобрување на еластичноста и цврстината на косата, масло од рузмарин, масло од лист од цимет поради антисептичките својства, свежо органско авокадо, свежи јајца и соја за протеини, свежи органски банани. H’suan Wen Hua е кралица на третманите! 

-Jasmine & henna  Јасмин и инфузија од к’на, за здрава скротена и сјајна коса. Во оваа маска спакувавме куп масла, сите за зацврстување на влакното и лесно расчешлување. Маслиново масло, масло од пченични никулци, бадеми, бразилски орев, соја, рицинус. Додадовме и масло од јојоба за убава нега на скалпот. А ништо не дава повеќе сјај од инфузијата од к’на. 

За многу повеќе информации посетете го продажното место на Lush во City Mall, каде што услужливо и љубезно ќе ви ги дадат сите информации за производот, начинот на негова употреба, како и ќе ви помогнат во изборот за најсоодветните производи за нега на вашата коса.

*Комерцијален текст

Објавено:
9 април 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
603 пати