Време е за постновогодишна детоксикација!

2 јануари 2018

Празниците се време кога сите знаеме да претераме и со храната и со алкохолот. Иако во моментот можеби се чувствуваме одлично, ефектот потоа може да ни создаде главоболки, мачнина и генерално лоша општа состојба на организмот.

Меѓу најпопуларните и наједноставни пијалаци за детоксикација на организмот е водата со лимон.

Но, со новата година можете да пробате и нешто ново, па лимонот да го замените со портокал, јагоди, краставица, нане, цимет, рузмарин, лимета, манго...

Ако не сте љубител на ваков тип течност, тогаш посегнете по чај – оној од ѓумбир одлично ќе ја заврши работата, како и зелениот чај или едноставно детокс чај.

Но, ако не сакате ниту чаеви, тогаш можете да се одлучите за смуди. Можете сами да ги комбинирате најдобрите намирници за детокс – спанаќ, целер, лимон, ѓумбир, шумско овошје, манго, лубеница, бадем...

Ние во продолжение ќе ви дадеме пет предлога, што ќе бидат не само одлични детокс пијалаци, туку и одлична замена за доручек или ужина.


#1 Детокс смуди со јаболка и авокадо

1 ½ шолја сок од јаболка

2 шолји спанаќ или кељ (исечкани)

1 јаболко (неизлупено и исечкано)

½ авокадо (сечкано)

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не стане смесата компакнта. Додадете вода по желба, во зависност од тоа колку сакате да ви биде густ пијалокот.

 

#2 Детокс смуди со ананас и банана

1 шолја ананас

1 банана

1 јаболко

1 шолјa спанаќ

1 шолја вода

 

#3 Зелено детокс смуди

1 киви

1 банана

¼ шолја ананас

2 китки целер

2 шолји спанаќ

1 шолја вода

 

#4 Детокс смуди со јаболка и шумско овошје

1 шолја микс од шумски овошја (малини, капини, јагоди)

1 големо јаболко

2 шолји спанаќ

1 шолја вода (или незасладено млеко од бадем)

 

#5 Детокс смуди со шумско овошје

1 шолја мешано шумско овошје

½ шолја кокосово млеко

1 шолја вода

Овесни снегулки по желба

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
724 пати