Врвен спој на убавината и модата

19 јуни 2014

Модниот дизајнер се претстави со својата нова мејкап линија во соработка со козметичкиот бренд Ланком. Шминката која ја креираше е наменета за пред – есенската сезона и е составена од голем број производи кои секоја дама ги користи.

Заштитно лице на новата колекција е музата  на Џејсон Ву – Дарија Вербови, а инспирацијата за истата е поврзана со цвеќињата и е спој на романтиката  и мрачниот гламур.  Производите на кои дизајнерот го стави својот потпис се палетите со сенки, руменила, кармини, драматични црни тушеви за очи, маскара и пигментирани лакови за нокти. Колекцијата која е врвен спој на убавината и модата од наредниот месец ќе може да се најде во сите побогато снабдени парфимерии.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Убавина