Запознајте ја шминкерката со 75 торби на модна недела

12 септември 2015

За модните инсајдери, септември е важен месец, бидејќи почнува циклусот на модни недели. Актуелната во Њујорк, секогаш е знак за динамичност и шоу. Покрај бројните модни уредници, продуценти, стилисти, шминкери, дизајнери, промотери, меѓу активните учесници во оваа модна недела е и познатата мејкап артистка, Пет Мекграт. Vogue за неа смета дека е една од највлијателните личности во оваа професија и тоа на светско ниво. Нејзината листа на соработници е мошне долга, а ги вклучува Долче Габана, Ријана, Макс Фактор и други...

Кариерата ја започнува во раните 1990-ти во Лондон, каде работела за магазинот i-D.Подоцна го запознава легендарниот фотограф Сивен Мајсел, со кого соработува на некои фотосесии и големи модни кампањи, како и модни магазини ширум светот.

На актуелната модна недела, Пет ќе биде задолжена за лицата на Прада, Миу Миу, Мајкл Корс, Живанши и Долче и Габана, што значи дека таа ќе биде одговорна за изгледот на сите топ модели што ќе се појават на писта.

Таа за Vanity Fair раскажува како изгледа да си дел од едно вакво случување.

Како изгледа твојата рутина на подготовка за една модна недела?

-Пред крајот на летото, одам на детоксикација затоа што знам дека морам да сум со чисти мисли пред модната недела. Потребно е многу енергија, способност да се фокусирате во целото тоа лудило на подготовки. Исто така, одам и во теретана, што ми дава сигурност да бидат во чекор со сè. Спијам колку што е можно повеќе, затоа што до крајот на сите четири модни недели, поточно до Париз нема да имам можност да спијам многу. Потоа ги прегледувам моите резерви со шминка и забележувам дали ја имам сета потребна козметика. Исто така, барам и нешто ново и инспиративно во светот на шминката, но и во светот на накитот и декорацијата. Никогаш не знам од каде ќе ми дојде инспирацијата.

Кои резерви мораш секогаш да ги дополниш?

-Па најмногу се користи козметиката за основа на шминката и тоа секогаш морам да го имам. Но, од друга страна, постои екстрем во однос на тоа дека почнав да им се јавувам на пријателите во Сваровски да ми набават кристали. Во некои сезони не ми се потребни, но во некои ми требаат големи количества, па морам да сум подготввена на сè. И трепки. Трепки од секаде од светот. Тие ги нарачувам уште во јули.

Кога почнуваат дизајнерите да те контактираат за нивните идеи за шминка?

-Ако имаш среќа, ќе имаш дури и недела дена. Ние посакуваме и порано, но сè е многу спонтано. Токму затоа јас нарачувам 26 куфери со основа, кристали и трепки. За секој случај.  

Колкубројна е твојата придружба на една модна недела?

-Мојот тим може да биде голем и до 50 луѓе, во најнапорните денови на модната недела. Исто така, се случува да патувам и со 75 торби со продукти и материјали. А помеѓу модните шоу-а, патувам со мотор, за да го забрзам патувањето низ собраќајот.

Кој е најбараниот изглед? Има ли таков?

-Секој град е различен, што е фантастично. Секогаш се случува некој напредок, еволуција и тоа е интересно. Постои едно нешто што го обожаваме во врска со нашата работа а тоа е: не можеш ни да помислиш дека сè знаеш. Во модниот свет не можеш да бидеш мрзелив. Секогаш ќе бидеш изненаден од нови нешта.

Што се случува зад сцената?

-Адреналинот е постојано присутен, тоа е сигурно. Но, во исто време морате да сте смирени. Трикот е во тоа да држите сè под контрола, да биде организирано, дури и војнички дисциплинирано и прецизно. Секој производ ми е подреден, како во мала армија. Првин одат производите за кожа, потоа веѓите, па накитот.

Кои се твоите омилени девојки од писта?

-Ги има многу, не би можела ни да почнам да ги издвојам. Многу од луѓето со кои работам навистина ги сакам, како семејство и во оваа паника сме заедно.

Како социјалните мрежи влијаеја на твојата работа?

-Ги сакам моите социјални мрежи. Го сакам Инстаграм и Твитер, а сега сум на Periscope. На некој начин, сега имам и повеќе работа бидејќи сакам да ги фотографирам моментите од зад сцена, но одлично е тоа да се сподели јавно, со народот и со било кој друг што е дел од оваа индустрија. Исто така, богато искуство е да знаеш како луѓето реагираат на твојата работа и да видиш како некои од твоите шминкерски решенија од писта функционираат во секојдневниот живот. Тоа е прозорец кон она што јас го работа. Како мој личен магазин.

Објавено:
12 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.082 пати