Здрав напиток со кој ќе се решите од вишокот на стомакот!

14 март 2017

Сега е вистинско време конечно да се разбудите од длабокиот зимски сон и да преземете нешто со што повторно ќе се вратите во форма.

Здравата исхрана, вежбањето неколку пати неделно и овој напиток, ќе ви помогнат ова лето да имате супер рамен стомак што ќе го обожавате.

Покрај тоа, за овој напиток ви се потребни неколку едноставни намирници кои можете да ги набавите уште денес, а голема е веројатноста дека веќе ги имате дома.

Потребно:

Литар и половина вода

Еден лимон исечкан на крукчиња

Една лажица рендан ѓумбир

10 грама свежи листови нане

Овој напиток ќе направи вистинско чудо за вашиот метаболизам, а најдобро е да го направите навечер за да можат состојките добро да се соединат во текот на ноќта.

Оставете го во ладилникот, а изутрина напијте се една чаша, а тоа може да го повторите и повторно во текот на денот, особено во топлите денови што се надеваме дека наскоро доаѓаат.

Објавено:
14 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.518 пати