Земјените нијанси го сокриваат уморот

27 декември 2013

make_up_tips_ikpt9

Неутралните тонови и земјените нијанси можете да ги комбинирате со потемни и светли кармини. Овој спој ги „крие“ трагите од уморот на лицето и го освежува изгледот. Убаво изгледа и на светол, но и на маслинест тен, ако шминката се усогласи со очите и косата.

Подлога

Со коректор во малку потемна нијанса од вашиот тен, сокријте ги подочниците. Потоа нанесете тонирана крема и бронзер, кој ќе ги истакне и јаболчниците.

zp-sminka

Очи и усни

За дамите што сакаат лежерен стил на облекување, стручњаците предлагаат мат земјени тонови. На светол тен најдобро му прилегаат златноземјени нијанси, а на потемен кафеноземјени. Очите нагласите ги со тоа што на работ на горниот капак од окото ќе нанесете црн или кафен молив, а потоа ќе го исенчите со прсти. На горниот капак ставете беж или сенка во боја на шампањ, а на подвижниот дел од капакот, кафена сенка со црвенкаст тон, што ќе ја извлечете со четка кон надворешниот агол на окото. Црна или кафена маскара нанесете во еден слој. Усните истакнете ги со молив, а потоа со кармин во боја на месо.

На дамите што преферираат елегантен стил се советуваат темни и седефасти тонови. Важно е да бидете умерени во комбинирањето на бои, очите нагласете ги со кафен или златен алајнер, под веѓите ставете бела сенка со седеф, а на подвижниот дел на капакот, светкава, темна нијанса и малку исенчете ги со прстите. За поголем ефект, користете мрсни сенки. Трепките намачкајте ги со златна, кафена или црна маскара во два до три слоја, а усните во боја на вино.

adorn

barbara-germany-6-628x783

m-676_Eniko Allure May 2013 - blog

make-2

make-up

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Убавина