Знаете ли од што се прави карминот?

2 декември 2014

lipstick_palette_desktop_hd_free_wallpaper

Карминот е еден од најомилените козметички производи на жените. Не е тајна дека поголемиот број од составот се хемиски соединенија, со помош на кои се добива саканата боја и сјај.

Во последните неколку години, присуството на тешки метали во кармините, предизвика загриженост. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија покажа дека дури 32 брендови на кармини имаат мало количество на олово, алуминиум, хром и манган, но се е базирано на количеството кое во организмот влегува преку усните, а за кое е утврдено дека не е опасно по здравјето на луѓето.

И покрај тоа, многу компании ги преземаа сите можни мерки оловото да се изземе од овој производ.

Но, во продолжение ќе прочитате што се' содржи било кој од вашите омилени кармини.

Shades-of-Lipstick

Црвениот пигмент најчесто се добива од кошенил бубите кои живеат на кактуси, така што телата на инсектите се варат во амонијак или раствор од натриум карбонат. Мешавината се филтрира пред да и' се додаде калиум алуминиум сулфат.

Темноцрвените кармини најчесто содржат хемиска компонента наречена еозин. При нанесувањето на усните, бојата на карминот се менува, реагира со кожата и се создава сина нијанса. Бојата реагира со амино соединенијата, кои се наоѓаат во протеините на кожата, благодарение на што се создава црвена боја при нанесувањето на карминот на кожа. Таа реакција исто така ја прави бојата на карминот долотрајна.

lipstick

Останатите пигменти - што сочинуваат 5 проценти од карминот, се користат за други бои. Титаниум диоксид, бела смеса е честа состојка која се додава за да се разреди црвената боја и се добива розова нијанса.

Останатите соединенија можат да се додаваат во мали количества, за карминот да мириса убаво и да ја одржува влажноста на усните. На пример, капсаицин е соединенија кое се наоѓа во чилито, а може благо да ги надразни усните, при што тие малку отекуваат, поради што изгледаат поголеми.

Различните видови восок и масло го сочинуваат главниот дел на карминот. Восокот е клучен за давање структура и облик на карминот. Многу често се користат и восок од пчела, како и ланолин-супстанца која ја лачат жлездите на овците. Восок карнауба, кој се добива од лисјата на бразилската палма, прават карминот да биде постојан на сонце и на високи температура. Восокот во карминот исто така се поврзува и со останатите сосотјки, што пак придонесува за сјајот. Маслата, како што е рициновото, сочинуваат околу 65 проценти од карминот и благодарение на нив, карминот е мек и може да „лизга“ по усните.

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Убавина