Знаете ли за што служат коректорите во боја?

26 јули 2016

Во боја на кајсија, жолта, розова или зелена, се чини дека коректорите во боја станаа најмоќниот сојузник на жените во текот на летните денови.

За подобро да ја сфатите моќта на коректорот, неопходно е да се запознаете со некои основни факти како палетите на бои и начинот на кој секоја една од нив се применува.

Иако можеби на прв поглед е малку тешко да сфатиме за што служи секоја една боја од палетата, тоа е многу едноставно.

Имено, боите кои се спротивни една на друга, во овој случај всушност одат заедно. Така, коректорот во зелена боја ќе го користите за црвенило, жолтиот за потемните делови како што се подочниците на кои се користат и коректори во црвенкасти и портокалови тонови кои се идеални за покривање на сините делови, како вените на кожата, па дури и тетоважите.

Коректорот во виолетова боја ќе направи кожата на лицето да ви сјае, а овој тон исто така ќе го неутрализира жолтеникавиот тен или некои делови од кожата со оваа нијанса. Можете да го користите на целото лице, од образите па сѐ до подочниците.

Сепак, доколку не сте сигурни дека на вашиот тен му одговара оваа нијанса, имајте на ум дека коректорот во виолетова нијанса ќе го направи вашето лице сјајно. Во комбинација со мега популарниот „хајлајтер“, овој коректор ќе направи магични работи за вашиот тен.

Во текот на летните месеци кога кожата ќе ви потемни од сонцето, вашиот најдобар пријател сепак ќе биде коректорот во боја на кајсија кој ќе ви ги покрие темните флеки на вашата кожа. Поради жолтиот пигмент кој го содржи, истиот е совршен и за подочниците.

Објавено:
26 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.990 пати