Зошто сме непродуктивни?

19 октомври 2017

Сигурно и вие, како и повеќето луѓе, сте се нашле во ситуација кога како да ви е прекратко времето за завршувањето на вашите основни професионални обврски или едноставно не сте задоволни од сработеното. Секој може да се најде во таква хаотична ситуација која е резултат на непродуктивност.

Затоа, размислете што ви го одзема беспотребно времето и вниманието и работете на тоа да го смените вашето однесување или да ја подобрите околината околу вас.

Во продолжение ќе ви посочиме неколку навики што придонесуваат за вашата непродуктивност:

#Постојано го проверувате мобилниот телефон
Мобилните уреди се исклучително корисни ако знаете како да ги искористите. Но, исто така знаат непотребно да ви го одвлечат вниманието со различни апликации и игри, што придонесува за вашата непродуктивност. Не го проверувајте телефонот на секои две минути додека сте на работа, наместо тоа користете го времето рационално.


# Си задавате премногу задачи и обврски
Не се преценувајте себеси. Направете си дневен план со обврски што реално може да ги завршите во текот на денот. Понекогаш едноставно работите не зависат само од вас и треба да се соочите со фактот дека не може се да се заврши во еден момент. Премногу обврски може само да ја забават вашата работа.


# Неуредна околина
Неуредната околина може да биде демотивирачка. Затоа внимавајте на тоа да го одржувате редот и хигиената во околината во која функционирате. Уредноста исто така е позитивна одлика и за деловниот имиџ.


# Лош оброк
Лошата исхрана може многу да влијае на нашиот организам, а со тоа и на расположението и продуктивноста. Без доволно витамини, телото брзо се заморува, ја нема потребната животна енергија, а исто така и лесно се губи концентрацијата.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
19 октомври 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
718 пати